fbpx

Во Штип ќе се гради современа болница

-

Нова најсовремена, најквалитетна и најсофистицирана клиничка болница ќе се гради во Штип, која воедно ќе биде современа здравствена установа за повеќе од 200.000 граѓани во тој регион, најави министерот за здравство, Никола Тодоров.

Ќе почне да се гради во средината на октомври 2015 година, а според прoцените ќе биде готова во средината на октомври 2017 година.

– Квалитетот на еден здравствен систем првенствено зависи од квалитетот и од знаењето на здравствените работници, квалитетот и софистицираноста на опремата, како и од квалитетот на здравствената инфраструктура. Денеска сакам да го промовирам проектот за изградба на најсовремената, најмодерната и најквалитетната здравствена инфраструктура во Македонија. Реализацијата на овој проект ќе значи изградба на болница со карактеристики и со функционалност какви што досега немало во Македонија. Изградбата на оваа болница ќе постави стандард кој ќе треба да се достигне не само во Македонија, туку и пошироко во регионот – изјави Тодоров.

Вчера од банката на Советот на Европа во официјалниот гласник на Европската унија беше објавен тендерот за градба на Клиничката болница во Штип.

Објектот ќе се гради на местото каде што во моментов се наоѓа штипската клиника и ќе претставува грандиозна енергетски ефикасна клиника на површина од 34.000 квадратни метри, која ќе има 17 амбуланти на осум нивоа, поврзани со 14 лифтови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...