fbpx

Поднесено обвинение за сообраќајката кај трговскиот центар „Зебра“

-

Скопското јавно обвинителство ја звршило истрагата за сообраќајната несреќа што се случи минатиот месец, а во која животот го загуби Сузана Тодоровска-Павловска, новинарка во Македонското радио, и поднело обвинителен акт против, сега веќе, обвинетиот за несреќата, соопшти Јавното обвинителство.

„По завршената истрага, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, од член 300, став 2, во врска со член 297, став 1 од Кривичниот законик“, стои во соопштението на Обвинителството.

Според истрагата, обвинетиот под дејство на алкохол, односно со 1,52 промили во крвта и 2,42 промили во урината и наркотични средства, канабис (марихуана) го управувал своето возило „опел корса“ со брзина од 83 километри на час, изгубил контрола и удрил во Тодоровска-Павловска.

Во исто време со обвинителниот акт, скопското обвинителство поднело и преллог за продолжување на мерката притвор на обвинетиот.

Според кривичното дело за кое се товари, на обвинетиот му се заканува казна затвор од најмалку четири години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...