fbpx

Потрагата заврши, исчезнатата жена пронајдена жива кај плажата Парк

-

Потрагата на полицијата и на екипите на Црвениот крст заврши успешно, а жената што ноќеска беше пријавена за исчезната е пронајдена жива.

Таа била забележана од полициските службеници од Езерската полиција како плива во водите на Охридско Езеро, во близина на плажата Парк.

По неа ноќва и утрово трагаа спасувачки тимови од Црвениот крст од Охрид и припадници на Езерската полиција.

На повик на СВР Охрид, тие почнале со акцијата ноќеска, веднаш по пријавата, при што го пребарале просторот од месноста Намазија до градското пристаниште, но не нашле ништо.

Жената за исчезната во СВР Охрид била пријавена ноќеска, околу 1 часот, по што веднаш биле преземени мерки за нејзино пронаоѓање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...