fbpx

Торба полна со пари исчезнала на аеродром во Хонг Конг

-

Торба со еден милион новозеландски долари (околу 608.000 евра) исчезнала на интернационалниот аеродром во Хонг Конг, објавуваат кинеските медиуми.

Исчезната торба била една од 13-те, со вкупно 10 милиони новозеландски долари, кои требало да бидат пренесени од Нов Зелaнд до Банката на Кина во Хонг Конг.

Според медиумите, три торби испаднале при истоварувањето од авион на компанијата „Катај Пацифик“, а вработените на аеродромот, кои отишле да ги соберат, нашле само две.

Полицијата веднаш почнала истрага. Снимките од безбедносните камери што биле објавени во кинеските медиуми, покажуваат како трите торби испаѓаат од приколката додека таа врти во агол. Персоналот на аердромот сфатил дека торбите ги нема 10 минути подоцна.

Според кинеските медиуми, полицијата се сомнева дека станува збир за кражба.

Од компанијата, пак, соопштиле дека парите биле осигурени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...