fbpx

ФБИ спречи напад на Денот на независноста инспириран од ИД

-

Властите на САД успеале да одвратат напад планиран за американскиот празник 4 Јули, апсејќи повеќе од 10 лица кои за нападот биле инспирирани од Исламска држава, соопшти директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Комеј.

– Верувам дека ја спречивме нивната намера да убијат луѓе, веројатно поврзана со 4 Јули – рече Комеј, без да открие повеќе детали.

Независно од ФБИ, извор од националната безбедност рече дека во последните денови, исто така, се запрени повеќе планирани заговори на симпатизери на ИД во Ирак и во Сирија.

ФБИ ги предупреди локалните служби за спроведување на законот да бидат на штрек поради напади поврзани со американскиот Ден на независноста, кој се совпадна со муслиманскиот месец Рамазан.
Лидерите на ИД преку социјалните мрежи ги повикаа своите приврзаници да изведат напади за време на Рамазан.

Комеј ја опиша тактиката како „масовен извор на тероризам“, додавајќи дека ФБИ ја усвои подигнатата состојба на безбедност како „нова нормалност“.

Безбедносниот извор наведува дека некои од уапсените комуницирале со ИД преку шифрирани пораки и бази на податоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...