fbpx

Кривична за претседател, секретар и за архивар во Здружението на возачи – Радовиш

-

Тројца вработени на раковoдни позиции во Здружението на возачи – Радовиш се осомничени за злоупотреба на службената положба и за фалсификување исправи и деловни книги, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, кривични пријави биле поднесени против Љ.П. (65), претседател на Здружението на возачи, В.Г. (63), вработен како секретар, и П.Г. (64), архивар во Здружението.

Претседателот на Здружението, според полицијата, незаконски донел одлука за исплата на аванси, односно позајмица од 600.000 денари кон фирма од Радовиш, чиј сопственик бил неговиот син, иако според статутот на здружението, таква одлука можел да донесе само извршниот одбор. Тој во март оваа година, подготвил записник и одлука за наводно одржана седница на претседателството на здружението и ги употребил како вистинити.

Секретарот В.Г. ја извршил исплатата на парите на фирмата, а третоосомничениот П.Г. со службен печат ги заверил фалсификуваните исправи, а заверените акти не ги евидентирал во деловната книга иако бил должен да го стори тоа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...