fbpx

Протест пред Регулаторна комисија за енергетика

-

Граѓани кои се исклучени од системот за парно греење, денеска протеситраа пред Регулаторната комисија за енергетика, објави „Фокус“. Тие најавија дека правдата ќе ја бараат во судот во Стразбур, оти домашните судови го затвориле нивниот случај. Тие и понатаму нема да бидат корисници на парно, но секој месец ќе плаќаат паушални сметки, како и досега, со објаснување дека користат топлина од соседите.

Во Скопје има околу 20.000 семејства кои се соочуваат со овој проблем и кои немаат начин како да го надминат. Никој од засегнатите не е на нивна страна, ниту комисијата, ниту „Балкан енерџи груп“, ниту власта. Оваа група граѓани го откажале користењето на парното незадоволни од топлината, но сега подолго време се принудени да плаќаат сметки иако користат друг извор за греење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...