fbpx

Полициска акција за откривање лица кои криумчареле мигранти

-

Од утрово полицијата спроведува голема акција за разбивање криминална група која илегално транспортирала мигранти во кумановскиот регион.

Осомничените криминалци спроведувале поголеми групи мигранти од земјите на Блискиот Исток и на Северна Африка, кои ги преземале од Грција и ги транспортирале до земјите на ЕУ преку територијата на Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи не даваат повеќе информации и посочуваат дека детали за акцијата ќе има во текот на утрешниот ден бидејќи акцијата сè уште трае.

Пред неколку дена слична акција беше организирана во село Ваксинце, каде шверцери барале откуп за мигранти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНТЕРВЈУ) Зоран Милошевски: Целта на научната фантастика е да даде едно поинакво гледиште на работите

Зоран Милошевски е македонски автор на научно-фантастични романи, вклучително серијалот „Последна граница“, кои го сочинуваат четири веќе издадени дела, а Милошевски моментално работи на петтиот и последен дел. Тој е...