fbpx

ДЗС: Се очекува зголемен обем на производство во наредните три месеци

-

Според оцената на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2015 година е за 2,1 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на мај 2014 година е зголемен за 4,8 процентни поени, објави Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2015 година, во однос на април, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека резервите готови производи сe намалени.

Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на мај 2014 година. Истото се однесува и на оцената за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2015 година, изнесува 63,7 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24,8 проценти, недостигот од квалификувана работна сила со 24,3 проценти, недоволната домашна побарувачка со 23,7 проценти и финансиските проблеми со 6,1 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...