Обединети за Македонија денеска, по повод четиригодишнината од апсењето на Љубе Бошкоски, побраа негово ослободување, како и ослободување на сите политички и неправедно осудени.
„Уште при слетувањето на скопскиот аеродром, почна ужасен прогон против твоето политичко дејствување и твоето право на слобода и тоа од една мала група валкани патриоти, што единствено умееја да се здружат, да ја окупираат идејата на ВМРО обновена во ДПМНЕ од чесни патриоти, да го експлоатираат кадровскиот потенцијал и да ги дискредитираат со потпишани бланко-оставки и меници од 300.000 евра, со една и единствена цел – да се опљачка и разнебити Македонија“, стои во писмото од ОМ до Бошкоски.
Од партијата велат дека правдата е спора, мачна и тешка, но излегува на виделина.