16 дена активизам против родово базирано насилство

„Ние како Мисија, работиме напорно да ги подржиме промените на законите кои ќе понудат подобра заштита на жртвите од родово – базирано насилство. Уште повеќе, вложуваме во стратешки напори да го зајакнеме целиот правoсуден систем“, рече Селма Меховиќ, посебен советник на Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје

-

Како да ја префрлиме дискусијата од работи за кои не зборуваме, кон работи за кои задолжително треба да зборуваме. Ова беше во фокусот на денешниот настан во Скопје за покренување на заедничката кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и семејството на Обединетите нации уште еднаш ги здружија силите за да ја подигнат свеста за долгорочното нарушување на општеството предизвикано од родово базирано насилство.

По отворањето на централниот настан во Скопје со театарската претстава „Работи за кои не зборуваме“, во наредните 16 дена ширум земјата ќе се организираат и други настани, меѓу кои театарски претстави, дискусии во заедници, концерти, изложби и панел дискусии.

Темата на годинешната кампања UNITE е „ОБЕДИНЕТЕ СЕ! Вложете напори за да го спречите насилството против жените и девојчињата“ затоа што секој труд вложен во спречувањето насилство против жените е чекор напред кон побезбеден, поеднаков и просперитетен свет.

„Овде сме за да ги поттикнеме жртвите и сведоците да пријават родово базирано насилство – и да им порачаме: Законот е на ваша страна“, изјави Бен Нупнау, заменик амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Клучниот приод во кампањата е создавањето на обединета платформа со цел да се даде можност на сите што се идентификуваат со каузата да се приклучат и да помогнат да се поттикне дискусијата за потребата да се стави крај на насилството против жените и девојчињата.

„Ние, како Мисија, работиме напорно да ги подржиме промените на законите кои ќе понудат подобра заштита на жртвите од родово – базирано насилство. Уште повеќе, вложуваме во стратешки напори да го зајакнеме целиот правoсуден систем, од првата точка на заштита, до законодавството и судовите, а се со цел да се одговори брзо и соодветно на потребите на жртвите“, рече Селма Меховиќ, посебен советник на Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Росана Дуџак, постојана координаторка на ОН во Македонија кажа дека ѝ претставува неизмерно задоволство да даде признание на Македонија затоа што во голема мера ги воспоставила правните механизми неопходни за елиминација на насилството против жените и девојчињата.

„Сега е потребно уште повеќе да дигнеме глас. Уште повеќе да дејствуваме. Законите не се доволни ако се само празни зборови на хартија“, рече таа.

16 дена активизам е меѓународна кампања која се спроведува секоја година, со почеток на 25 ноември, Меѓународниот ден на елиминација на насилството против жените, а завршува на 10 декември, Денот на човековите права. Оваа кампања е најдобриот пример како луѓето и организациите можат и треба да ги здружат силите за да се справат со општествените проблеми за кои нема место ниту денес ниту во иднината.

ЕУ и ОБСЕ се традиционалните партнери на семејството на ОН во оваа кампања, но секоја година бележиме раст на бројот на заинтересирани меѓународни и домашни партнери од речиси сите сектори на општеството.
.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...