fbpx

Скопје се приклучува во „Програмата ЕБОР зелени градови“

-

Скопје е првиот град во Северна Македонија кој ќе се приклучи на програмата на ЕБОР за успешно урбано позеленување, и преку „Програмата ЕБОР зелени градови“ ќе развие Акционен план за справување со еколошките предизвици, информираат од ЕБОР.

„Изготвувањето на Акциониот план за Скопје Зелен град беше промовиран на првата работилница која се одржа денес. На неа учествуваа преставници од локалната самоуправа кои се вклучени во овој проект. Отварањето на работилницата беше промовирано од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Сузан Горансон, директорката за инфраструктура за Европа, Групација за одржлива инфраструктура при ЕБОР. Скопје е првиот град во Северна Македонија и петтиот од Западен Балкан кој ќе развие Акционен план преку „Програмата ЕБОР зелени градови“, со што ќе им се помогне на локалните власти да идентификуваат, воспостават приоритети и да се справат со најактуелните еколошки предизвици“, се вели во соопштението.

ЕБОР ќе соработува со Градот Скопје и со претставниците на општинските институции на овој проект со цел да ги идентификува приоритетите, преку претходно дефинирани одредници од страна на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и глобалната мрежа на Локалните влади за одржливост (ILCEI) за да создаде план на активности и цели за дејствување во наредните десет години. Планот ќе биде развиен во тек на оваа година, пред да биде поднесен за одобрување пред Советот на Град Скопје.

„Во јануари годинава, ЕБОР потпиша договор за кредит со ЈСП Скопје, за подобрување и модернизација на работењето на компанијата која ги управува градските автобуси и подобрување на квалитетот на воздухот. Ова беше иницијалната инвестиција која го поттикна развојот на акцискиот план. Ова e 16. инвестициски проект од „Програмата ЕБОР зелени градови“, која има фонд од 950 милиони евра, наменети за развивање на сеопфатни бизнис модели за зелен урбан развој, комбинација на стратешко планирање со инвестиции и потребна техничка помош. До 2020 година, ЕБОР има цел да го зголеми обемот на сопственото инвестициско потрфолио со т.н. „зелени“ финансии до 40 проценти на годишно ниво, што ќе биде согласно обврските од Договорот од Преспа“, се додава во соопштението.

До денес, ЕБОР има инвестирано над 1,85 милијарди евра во 115 проекти, од кои најголемиот дел се во инфраструктурниот сектор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...