fbpx

Зимница и органски производи на „Агрофуд“, кој ќе почне на 1 октомври

-

Македонската традиционална зимница и органските производи ќе бидат застапени на „Агрофуд“, кој ќе почне на 1 октомври и ќе трае до 4 октомври.

– Продажниот аспект на саемот е гаранцијата дека секое семејство може лесно да се снабди со зимница само од природни состојки. Меѓу неколкуте новитети, како органската храна и органските македонски производители, е и одржувањето на македонско-унгарските бизнис-средби за време на саемот. Целта е остварување директни контакти со компаниите од Унгарија, со креирање можности за воспоставување конкретна деловна соработка и зголемување на продажбата на македонските производи. Бизнис-делегацијата од Унгарија ја сочинуваат осум компании од агробизнис-секторот од различни дејности – изјави проект-манаџерот на Скопски саем, Магдалена Хамбова.

Органските производи што ќе бидат презентирани од македонските органски производители се новитет оваа година на „Агрофуд 2015“.

Во Македонија се зголемува потрошувачката за здрава храна, а со тоа и производство и преработката на органски производи.

На изложбено-продажните штандови, освен прехранбените производи како храна, пијалoци и стоки за широка потрошувачка, ќе можат да се разгледаат и да се набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање, земјоделска и друга приклучна механизација, како и внатрешен транспорт.

Влезот е бесплатен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...