fbpx

Затворено избирачкото место во Теарце, официјални резултати по 21 часот

-

Гласањето на избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ денеска во Теарце заврши мирно и без поголеми проблеми. Неофицијално, на гласање излегле 402 лица, односно две лица помалку отколку на гласањето на 11 декември.

Првичните резултати од прегласувањето ДИК ќе ги соопшти вечерва, околу 21.30 часот.

Од општинската изборна комисија рекоа дека гласањето се одвивало во демократска атмосфера, а како единствен пропуст во гласањето го посочија прекинувањето на гласањето неколку минути пред 9 часот утринава, поради дефект на УВ-ламбите.

Од невладината „Цивил“ укажаа на неколку мали недостатоци кои ги вршеле членови на избирачкиот одбор.

– Претставници на избирачкиот одбор честопати го прелистуваа избирачкиот список, а исто така премногу ги користеа и нивните мобилни телефони. Тоа е недопустливо за време на изборниот процес. Исто така, според наши сознанија вратени се 40 лични карти на избирачи кои претходно им биле одземени со поткуп за да не излезат на гласање – вели претседателот на „Цивил“, Џабир Дерала.

Во селото Теарце денеска се забележуваше големо присуство на полиција, која се однесуваше коректно во текот на изборниот процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...