fbpx

Вучиќ ќе се сретне со Путин на почетокот на октомври во Москва

-

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на октомври, но во Москва а не во Белград, како што беше најавено.

„Посетата ќе се одржи на почетокот на октомври. Се очекува, Вучиќ и Путин да разговараат за клучните билатерални и регионални прашања. Расположението е позитивно“, напиша на неговиот твитер-профил амбасадорот на Русија во Србија, Александар Чепурин.

Чепурин денеска се сретна со Вучиќ, а како што беше соопштено разговарале за неговата посета во Москва.

Вучиќ рекол дека е почестен што ќе има прилика да разговара со Путин и дека и овој состанок има големo значење за понатамошно зацврстување на пријателството на рускиот и српскиот народ, како и за развојот на соработката помеѓу двете земји.

Тој додал дека Србија исто така останува воено неутрална земја и дека ништо не може да ја загрози нејзината сувереност и независност.

Последната средба помеѓу Вучиќ и Путин се одржа во мај годинава во Моска. Чепурин на почетокот на септември изјави дека Путин ќе дојде во Србија во октомври или ноември, но од Кремљ соопштија дека таква одлука се уште нема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...