Времето умерено облачно со сончеви периоди


       
Скопје, 12 февруари, 2018 - 9:19 (META) 

Времето денеска ќе биде умерно облачно со повремени сончеви периоди и потопло отколку во претходните денови. Ќе дува до умерен слаб јужен и југозападен ветер.

Максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 2 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, со температура до 8 Целзиусови степени.

Се очекува денеска да има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува утре попладне и в среда. Во вторник времето ќе биде облачно, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 4 до 10 степени.

В среда ќе биде променливо, а претпладне со повремен дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.