Времето денеска топло со температура до 32 степени


       
Скопје, 21 септември, 2018 - 9:31 (META) 

Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 14 степени, а дневната од 26 до 32 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 31 Целзиусов степен.