fbpx

Во Албанија поплавени големи земјоделски површини

-

Поројниот дожд што во Албанија врне во последните два дена, предизвика поплави во повеќе области во земјата, јавуваат албанските медиуми.

Според пишувањето на медиумите, големи површини земјоделско земјиште се под вода бидејќи повеќе реки во северниот и во централниот дел на Албанија се излеани од коритата.

Во Тирана реката Лана е излеана од коритото, а десетина села во североисточниот дел од земјата веќе имаат проблеми со поплавените патни правци што ги поврзуваат со градовите.

Министерот за земјоделство, Едмонд Панарити, изјави дека состојбата со поплавите е најтешка во градот Лежа и во неговата околина. Според него, се преземаат сите мерки за поплавите и штетите да бидат што помали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...