fbpx

Тунтев: Реалноста надвор од буџетот е дека народот сè потешко живее

-

На втората расправа за предлог-буџетот во Собранието, пратениците дискутираа, повеќе политички, во однос на остварувањата на оваа власт и за забелешките од опозицијата, отколку за ставките во буџетот и што тој значи за граѓаните за следната година.

Пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, зборуваше за бројките надвор од буџетот и за тоа што тие, според него, значат во реалниот живот, во последните десет години.

– Тоа што секој од нас го гледа, е дека секоја втора куќа е иселена, има помалку првачиња и тоа што се чувствува во реалниот живот е поразително. Се прашувам дали тоа што го читаме во буџетот ја отсликува реалната слика? Она што го чувствуваме сите дома е дека сè потешко живееме и сè поголем е долгот по жител. Повеќе од 180.000 луѓе живеат со 40 денари дневно – порача Тунтев од собраниската говорница.

Тој додаде дека речиси во сите ставки во буџетот за 2016 година пишува „други ставки“, „останати трансфери“, што не е начин граѓаните да знаат како се трошат парите.

Тунтев зборуваше и за нелегалните финансиски текови за овие десет години кои, како што пишува во извештајот за нелегални финансиски одливи на „Глобал фајненшал интегрити“, изнесуваат  5,2 милијарди долари, за период од 2003 до 2012 година.

– Најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, 928 милиони долари. Просечно, од државата се изнесуваат половина милијарда долари годишно – додаде Тунтев.

Пратеникот на опозицијата истакна дека буџетските цели за сите овие години се промашени и не е собрано колку што е предвидено.

Пратеникот Ѓорѓи Коџобашија изјави дека со тоа што СДСМ нема да гласа за овој буџет, тој е против најразвојниот буџет досега, со трипати повеќе пари за капитални инвестиции.

– Со тоа што нема го поддржи буџетот, СДСМ е против изградба на фабрики, против намалување на вработеноста, против проекти на Владата за вработувања, против зголемување пензии и социјални надоместоци – изјави Коџобашија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...