fbpx

Црква се гради во кругот на Клиничката болница во Штип

-

На денот на свети Кузман и Дамјан, беа поставени темели на истоимената црква во дворот на Клиничката болница во Штип. Владиката Иларион најави дека осветувањето ќе биде следната година.
Уште со најавата дека ќе се гради црква до болницата, социјалните мрежи беа преполни со негодувања.

– Зошто наместо за бетон, парите да не се употребат за поправка на апаратите, како томографот кој не работи повеќе од една година? Или за набавка на чаршафи и пижами за пациентите? Ако се гради црква, дали ќе додадат до неа и џамија или синагога – реагираа граѓаните, кои со фотографии потсетуваа на состојбите во некои болнички одделенија, каде таванот прокиснува или на креветите има искината постелнина.

Од управата на болницата уште веднаш ги отфрлија обвинувањата за ненаменско трошење на парите. Директорот Александар Стојановски изјави дека парите за црквата се донација од организација од Шведска, која самата одлучила за намената. Парите ги обезбедува семејството Розенгрин, чиј претставник беше денеска во Штип на поставување на темелите. Семејството неодамна донираше опрема и медицински апарати за болницата.

– Последниот пат кога бевме тука, со директорот и со владиката Иларион дискутиравме дека овде, во болницата, нема црква. Тогаш почнавме да размислуваме како да ја изградиме. Во Шведска секоја голема болница има црква – изјави Томас Розенгрен од невладината организација „Хенд хил хенд“, кој најави нова донација од опрема и со апарати.

Се планира мала црква, во која, според донаторите и раководството на Клиничката болница, ќе можат да се помолат за здравје пациентите и нивните роднини, по пример на болниците во многу европски држави, каде ако нема црква, има мал параклис.

Последните две години во Штип и во околината се градат десетина нови цркви. Една никнува веднаш до основно училиште, каде, според општинската опозиција, нема пристојна спортска сала за изведување настава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...