fbpx

Ципрас оптимист за решение за Грција на понеделничкиот Самит на ЕУ

-

Секојдневните сценарија, закани и предупредувања за грчко напуштање на еврозоната не ги уриваат оптимизмот и надежта на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека повеќемесечните преговори ќе завршат успешно. Ципрас е оптимист дека следната недела Грција ќе успее да постигне решение, кое ќе ги загарантира нејзината европска иднина, останувањето во еврозоната и финансиската стабилност.

Според соопштение од кабинетот на грчкиот премиер, свикувањето на Самит на ЕУ на највисоко ниво в понеделник е позитивен развој на настаните во насока на постигнување решение.

„Тежнеевме кон тоа крајните преговори да се одвиваат на највисоко политичко ниво во ЕУ и работиме во насока на успешно решение на овој Самит. Сите што инвестираа во сценарија на страв и на криза ќе бидат демантирани по ова“, се вели во соопштението од премиерскиот кабинет.

Оцената е дека ќе има решение и тоа во согласност со принципите на ЕУ и со принципите на демократијата, решение, кое, според грчката страна, ќе ѝ дозволи на Грција да го поврати економскиот развој и тоа во рамките на еврозоната.

Понеделничкиот вонреден Самит за Грција во Брисел се очекува да биде последната шанса за Грција и да даде одговор на прашањето дали Атина и Брисел ќе се договорат или, пак, Грција ќе се соочи со нова неизвесност и катастрофално сценарио на банкрот и на напуштање на еврото. Грчката влада има рок до понеделник да претстави нови мерки врз основа на предлозите од европските институции и од кредиторите за да успее да дојде до договор. Независно од оптимизмот на Ципрас, климата меѓу двете страни е затегната, особено ако се земе предвид дека кредиторите ги одбиваат двете клучни барања на Атина за намалување на дел од долгот и за откуп на грчките обврзници кои ги има Европската централна банка без нова програма за штедење. Меѓу новите предлози што вчера ги достави министерот за финансии, Јанис Варуфакис, кои, се чини, не се позитивно оценети во ЕУ, се и предлог за хоризонтални намалувања на државните трошоци, меѓу нив и намалување на плати и на пензии, програма за приватизација, независна институција за проверка и за наплата на даноци, независен фискален совет кој ќе контролира како се имплементира и се троши државниот буџет, програма за либерализирање на пазарот на работа преку полесно отворање и намалување на дозволите за работа за извесни професии, либерализација на пазарот на продажба на големо, уникување даноци кон трета страна.

Варуфакис предлага и новиот независен систем за проверка на имплементација на буџетот да биде поврзан со автоматски систем, кој во случај да дојде до неконтролирано трошење на буџетот, веднаш да доведе до намалување на државните трошоци.

Како ЕУ ќе реагира на овие мерки конечно ќе се види в понеделник. Покрај заканите од европските институции, на грчка сметка дојде предупредување и од шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

Лагард испрати порака дека доколку грчката влада не ја исплати ратата од 1,6 милијарда евра на 30 јуни до ММФ, државата ќе се соочи со банкрот, а кредиторите нема да може да ја исплатат последната рата од грчкиот кредит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...