fbpx

Тилерсон оди во Москва, но нема да се сретне со Путин

-

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон в среда ќе допатува во Москва, но нема да се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тилерсон за време на посетата ќе се сретне со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

– Не најавивме состаноци и засега во распоредот на претседателот не е планирана средба со Тилерсон – рече Песков, додавајќи дека ќе ги информира новинарите ако состанокот со Путин се појави на распоредот на претседателот.

Тој, исто така, го коментираше и минатонеделниот американски ракетен напад на Сирија, кој, како што рече, покажал дека Вашингтон не нема желба да соработува со Сирија.

– Постојаните повици да се симне од власт сирискиот претседател Башар ал Асад нема да помогнат во решавањето на кризата – рече Песков, додавајќи дека не постои алтернатива на мировните преговори во Женева и во Астана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...