fbpx
Таг: зголемување

таг: зголемување

Бруто-додадената вредност во земјоделството во 2014 година изнесува 50,6 милиони денари

Бруто-додадената вредност во земјоделството во 2014 година изнесува 50.610.000 денари и во однос на 2013 година бележи номинален раст од 1,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Растителното производство во 2014 година, кое во вкупното производство учествува со 69,5 отсто, бележи раст од 1,8 отсто во однос на 2013 година. Вредноста на добиточното производство, кое во вкупното производство...

Бројот на работници во индустријата во февруари зголемен за 1,6 отсто во однос на истиот месец лани

Бројот на работниците во индустријата во февруари во однос на истиот месец лани е зголемен за 1,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, бројот на работниците бележи пораст кај енергија за 2,2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 отсто и капитални производи за 20,6 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка...

Се зголемува прометот во индустријата

Прометот во индустријата во јануари 2016 година, во однос на истиот месец лани, е зголемен за 6,9 отсто, објави Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи опаѓање од 1,1 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 8,6 отсто. Гледано по сектори, прометот во индустријата...

Бројот на туристи во јануари изнесува 38.162

Бројот на туристите во јануари изнесува 38.162 и во однос на истиот месец лани е зголемен за 16,3 отсто, а бројот на ноќевањата е 78.667 и во однос на јануари 2015 година е зголемен за 20,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Бројот на домашните туристи во јануари 2016 година, во однос на истиот месец лани е зголемен за 14,8...

Бројот на работници во индустријата во јануари е поголем за 1,7 отсто во однос на истиот период лани

Бројот на работниците во индустријата во јануари 2016 година, во однос на истиот месец лани, е поголем за 1,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи пораст кај енергија за 2,8 проценти, интермедијарни производи, освен енергија, за 4,5 проценти и...

ИЕА: Цените на нафтата го достигнаа дното

Цените на нафтата можеби конечно го достигнаа дното, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), укажувајќи истовреме на нивното „значајно заздравување изминатите недели.“ - Неодамнешното поскапување на нафтата, кое ги врати цените на околу 40 долари за барел од 28,50 долари од средината на јануари, не мора да значи дека најлошото помина – се наведува во месечниот извештај на ИАЕ за...

Зголемување на кредити во приватниот сектор

Првичните податоци на Народна банка за февруари покажуваат зголемување на кредитите на приватниот сектор на месечна основа, што следува по намалувањето остварено во јануари 2016 година. - Месечното зголемување на кредитите е резултат на зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор, иако умерен пораст остварија и кредитите на домаќинствата. Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во февруари изнесува околу 9 отсто...

Активностите на градежните компании се зголемуваат дома, а се намалуваат надвор

Градежништвото останува најголем двигател на македонската економија и гранка која остварува најголем пораст. Градежните компании се ангажирани на изведба на патната инфраструктура и на објекти од висока градба. Има 4.349 фирми во градежништвото кои учествуваат со 6,2 процeнти од активните компании во земјава. - Во 2015 година има зголемување на договорените градежни работи за 65,8 проценти во однос на 2014 година, пред сè, поради...

Туристичката понуда на Македонија претставена во Србија

Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот ја претставува туристичката понуда на Македонија на саемот за туризам во Белград, Србија, од 18 до 21 февруари. Претставници од Агенцијата оствариле средба со неколку српски туристички оператори, со кои разговарале за можноста за регионални вински и културни кружни тури. Бројот на туристи од Србија во Македонија бележи постојано зголемување од 4 до 6 проценти на годишно ниво во...

Бројот на туристи лани е зголемен за 10,9 отсто во однос на 2014 година

Како што објавува Државниот завод за статистика, бројот на туристи лани е зголемен за 10,9 отсто во однос на 2014 година. Кај домашните туристи има зголемување за 6,5 отсто, а кај странските за 14,2 отсто. Во периодот јануари-декември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за девет отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 6,6...

Се зголемува бројот на блокирани сметки на физички и на правни лица

Бројот на блокирани сметки на физички и на правни лица во декември 2015 година изнесува 3.817.856. Во однос на претходниот месец, има зголемување за 7.031. Во однос на декември 2014 година, бројот на блокирани сметки е поголем за 95.692.

Мало зголемување на цените на становите

Индексот на цените на становите во четвртиот квартал од 2015 година забележа зголемување на годишна основа од 0,9 отсто (наспроти годишниот пад од 3,5 проценти во третиот квартал), покажуваат податоците на Народна банка. - По изразено надолниот тренд во претходните години, во просек за 2015 година, цените на становите се релативно стабилни, задржувајќи се на нивото од 2014 година. Во поглед...

Имаме 1,8 милиони гласачи на 2 милиони жители, 20.000 повеќе од 2014 година

Бројот на гласачи од парламентарните избори во 2014 година до декември минатата година се зголемил за речиси 20.000 граѓани. Ако во 2014 година имало 1.780.000 гласачи, сега тој број, според информации од ДИК од последното ажурирање на списокот во декември минатата година е 1.800.011. Според процената на населението направена од Државниот завод за статистика (состојба од 30 јуни 2014 година), во Република Македонија има 2.067.471...

Се зголемува бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата лани бил поголем за 1,8 отсто во однос на 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи намалување од 0,8 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи зголемување од 2 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија,...

Бројот на туристи лани поголем за 10,3 проценти во однос на 2014 година

Во периодот јануари-ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,3 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има зголемување за 5,4 проценти, а кај странските има зголемување за 13,9 проценти. Во периодот јануари-ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е...

Груевски најави ново зголемување на пензиите во септември

Пензионерите годинава во септември ќе добијат ново петпроцентно зголемување на пензиите, соопшти денеска премиерот Никола Груевски. - За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти, кое ќе се реализира со септемвриската пензија што се зема на почетокот на октомври, кога околу 300.000 пензионери практично ќе земат зголемена пензија – рече Груевски, додавајќи дека од 2006 година па досега...

Минималната плата ќе се зголеми од 1 јануари

Од 1 јанури ќе се зголеми минималната плата, а како што истакна премиерот Никола Груевски, тоа е реализација на уште едно ветување дадено пред граѓаните. - Од 1 јануари 2016 година ќе има зголемување од 9.590 на 10.080 денари на минималната плата во сите индустриски дејности, освен во текстилната и во кожарската индустрија, каде зголемувањето ќе биде од 8.050 на 9.000, одноносно...

Јавните обвинители ќе добиваат повисоки плати за прекувремена и за работа на празници

Јавните обвинители и судиите ќе добијат повисоки плати за прекувремена работа и за работа на празници од 35 до 50 отсто. Ова го предвидуваат предлог-законите за измени и за дополнување на Законот за плати на јавните обвинители, односно судии, кои веќе се во собраниска процедура по скратена постапка. Предлагач на двата предлог-закони е Владата, а претставници се министерот за правда,...

НБРМ: Инфлацијата во ноември забележа благ пораст на месечна основа

Инфлацијата во ноември забележа благ пораст на месечна основа. На годишна основа и во просек во првите единаесет месеци од годината, општото ниво на цените во домашната економија и понатаму бележи пад (намалување од 0,3 отсто), се вели во најновиот извештај на НБРМ. - Во услови кога и цените на храната и базичната инфлација, во просек, за целиот период бележат годишен...

БДП во третиот квартал бележи зголемување од 3,5 проценти

Најновите показатели на Народна банка покажуваат дека економската активност и понатаму солидно се зголемува, а е делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки. - Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви и понатаму се на соодветното ниво, коешто е доволно за справување со евентуални непредвидени шокови во иднина. За ефектите врз...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...