fbpx
Таг: вирус Зика

таг: вирус Зика

Вирусот зика се шири во Азија

Експертите на Светската здравствена организација (СЗО) очекуваат вирусот зика да продолжи да се шири во Азија. Потврдени се стотина случаи на лица инфицирани со зика во Сингапур, а во Тајланд се забележани и два случаи на микроцефалија поврзани со ова заболување. Главниот виновник за ширењето на вирусот се комарците аедес, а ситуацијата се отежнува и поради големиот протек на меѓународни патници. Во поширокиот...

САД се соочуваат со првите случаи на заразени со вирусот зика на домашно тло

Соединетите Американски Држави најверојатно се соочуваат со првите случаи на лица заразени со вирусот зика на домашно тло, сооштиле денеска здравствените власти на САД, пренесува „Би-би-си“. Загриженоста следува откако кај четири лица од американската сојузна држава Флорида бил констатиран вирусот, а кој, според информациите, не бил пренесен преку сексуален контакт или за време на патување во регионите каде е присутен...

Опаѓа бројот на заразените со зика

Светската здравствена организација (СЗО) денеска потврди дека се намалува бројот на заразените со вирусот зика во Бразил. - Епидемијата на зика е дефинитивно во опаѓање во Бразил. Освен во Бразил, епидемијата има тенденција на опаѓање и во Колумбија и африканската држава Зелен ’Рт - потврди денеска Мари Киени, помошник директор на СЗО на прес-конференција во Париз посветена на вирусот зика. Киени не...

Прв случај на вирусот зика во Чешка

Министерството за здравство на Чешка соопшти дека во земјата е регистриран првиот случај на заболен од вирусот зика. Уште не е јасно каде лицето од Чешка е заразено и дали патувало во земји како што е Бразил, која е најсилно погодена од вирусот што го пренесуваат комарците. Повеќе детали, како што рекоа, за првиот случај на зика ќе бидат соопштени во текот...

Прв случај на вирусот зика во Русија

Првиот случај на заразен со вирусот зика е регистриран во Русија, јавува новинската агенција ТАСС. Заразеното лице веќе е хоспитализирано на клиника за инфектологија, а здравствената состојба му е задоволителна. Членовите на семејството на хоспитализираниот не се заразени. Руските медиуми јавуваат дека заразениот претходно бил на одмор во Доминиканската Република.

Вирусот зика усмрти три лица во Венецуела

Три лица починаа во Венецуела од компликации предизвикани од вирусот зика, соопшти венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Во телевизиското обраќање, Мадуро рече дека во Венецуела се регистрирани 319 случаи на вирусот зика и оти починатите се првите жртви на вирусот и тоа на глобално ниво. Мадури наведе дека 68 пациенти со компликации се наоѓаат на интензивна нега и истакна дека на Венецуела...

СЗО: Вакцина против вирусот зика за 18 месеци

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ќе бидат потребни 18 месеци за вршење клинички тестирање на вакцината против вирусот зика кај луѓето. Помошникот на генералниот директор на СЗО за здравствени системи и иновации, Мари-Пол Кини, рече дека постојат два кандидати за вакцина кои би можеле да се најдат во производство. Едната ја направил американскиот национален институт за здравје, а другата...

Регистриран првиот случај на вирусот зика во Кина

Кинеските здравствени власти го регистрирале првиот случај на вирусот зика во земјата, кај лице кое неодамна се вратило од Венецуела. Заболениот маж е на возраст од 34 години и на 28 јануари се лекувал во Венецуела, пред да се врати во Кина на 5 февруари. Откако е констатирано дека е носител на вирусот, веднаш е хоспитализиран. Кинеската национална комисија за здравство...

Вирусот зика откриен во плунка и во урина

Бразилскиот здравствен институт „Фиокруз“ денеска соопшти дека првпат е откриен вирусот зика во плунка и во урина и оти ќе биде истражена можноста за пренeсување на вирусот преку телесни течности. Институтот ги анализирал примероците земени од два пациента и изработил делумна низа на генот на вирусот, соопшти претседателот на Фондацијата „Освалдо Круз“, Паоло Гадела. Вирусот зика е дијагностициран во 30 земји...

Прв случај на вирусот зика кај трудница во Европа

Во Шпанија е потврден првиот случај на трудница заразена со вирусот зика, што е прв таков случај во Европа, пренесува „Би-Би-Си“. Дијагнозата е утврдена кај трудница која неодамна се вратила од Колумбија, каде, како што се верува, била заразена со вирусот. Станува збор за вирус што го пренесуваат комарците и кој брзо се шири. Се појави во Бразил во октомври минатата година, каде...

Девет жители на Флорида заразени со зика

Девет лица инфицирани со вирусот зика се регистрирани на Флорида, поради што гувернерот Рик Скот прогласи вонредна состојба во четири окрузи. Американските лекари се уверени дека сите девет лица заболеле откако патувале во подрачја каде вирусот зика е присутен. Гувернерот истакнал дека Флорида прави сè за да го спречи ширењето на опасниот вирус и оти на државниот оддел за земјоделство му...

САД: Вирусот зика пренесен преку полов однос

Во Тексас е откриен прв познат случај на пренос на вирусот зика од човек на човек на подрачјето на САД, соопштија синоќа здравствените служби, наведувајќи дека заразата е пренесена преку полов однос. Вирусот е поврзан со тешки природни деформации кај бебињата, а се шири брзо по двата американски континента, поради што претставниците на Светската здравствена служба прогласија вонредна состојба и...

Хондурас прогласи вонредна состојба поради вирусот зика

Владата на Хондурас прогласи вонредна состојба во земјата поради вирусот зика, со кој, како што се сомнева, за помалку од три месеци се заразиле 3.649 лица. Министерката за здравство, Јолани Батрес, ги повика сограѓаните да ги исчистат домовите и заедниците, да ги отстранат надворешните контејнери со вода кои служат како место за размножување за египетските комарци, кои го пренесуваат вирусот...

СЗО расправа за прогласување вонредна состојба поради вирусот зика

Почна итниот состанок на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева, на кој се разговара дали поради експлозивното ширење на вирусот зика треба да се прогласи вонредна состојба. СЗО во 2014 година прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола. Директорката на СЗО, Маргарет Чен, минатата недела рече дека нивото на тревога е екстремно високо иако не постојат докази дека вирусот зика е...

Итен состанок на СЗО поради вирусот зика

Светската здравствена организација денеска ќе одржи итен состанок посветен на сузбивање на вирусот зика, кој се појави во Јужна Америка. СЗО предупреди дека вирусот, кој го пренесуваат комарците, се шири со голема брзина во Америка и оти во текот на годинава се очекува да бидат инфицирани три до четири милиони лица. Директорката на СЗО, Маргарет Чен, изјави дека експертите треба да...

Во Перу забележан прв случај на вирусот зика

Властите во Перу соопштија дека во оваа земја е регистриран првиот потврден случај на опасниот вирус зика. Вирусот го донел маж од Венецуела, кој живее во Лима, а неодамна ја посетил Колумбија. Министерот за здравство на Перу, Анибам Веласкес, рече дека очекува уште случаи на лица што го добиле вирусот во странство. Тој додаде дека пациентот е изолиран и дека се преземаат чекори за...

Венецуела: 4.700 заразени со вирусот зика

Венецуела регистрирала 4.700 можни случаи на вирусот зика, за кој се верува дека предизвикува оштетување на мозокот кај новороденчиња, соопшти министерството за здравство на таа земја. - Имаме извештаи од 4.700 пациенти, за кои се сомневаме дека се заразени со новиот вирус и тоа врз база на симптомите – рече министерката за здравство, Луизиана Мело. Таа рече дека бројот на заразените...

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...