fbpx
Таг: Венецуела

таг: Венецуела

Стотина илјади лица протестираа на улиците на Каракас

Стотина илјади лица учествуваат на протестниот марш против венецуелскиот претседател Николас Мадуро во главниот град на Венецуела. Опозицијата, која го организираше најголемиот протест во последните две години, бара Мадуро да си замине од претседателската функција поради економската криза. Истовремено, државната изборна комисија е обвинета дека го одложува одржувањето на референдумот кој би можел да доведе до скратување на мандатот на претседателот. Мадуро, чии...

Хаос во Бразил по смената на Дилма Русеф – отповикани амбасадорите од Боливија, Венецуела и од Еквадор

Група демонстранти, незадоволни од смената на претседателката Дилма Русеф, скршија излози на неколку банки, деловни згради и оштетија еден полициски џип во Сао Паоло. Полицијата се обидела со шок-бомби и со солзавец да ги смири демонстрациите кои почнале во една од главните градски улици. Протестот прерасна во насилство непосредно откако новиот претседател Мишел Темер ѝ се обрати на нацијата. Сè уште...

Растурени протестите во Венецуела, повреден преставник на опозицијата

Истакнат претставник на опозицијата во Венецуела е повреден кога полицијата испука солзавец и со примена на сила ги разби протестите на опозицијата. На протестите од власта се бара да направи референдум за отповикување на претседателот Николас Мадуро. Ова е четврти пат полицијата да користи сила против демонстрантите кои се обидуваат да дојдат до референдум, кој, според опозицијата, мора да се одржи...

Неидентификувани напаѓачи во Венецуела убија 11 луѓе

Неидентификувани напаѓачи во Венецуела убија 11 луѓе меѓу кои тројца се тинејџери како и еден Колумбиец. Напаѓачите им наредиле на жртвите да излезат од своите домови и веднаш ги ликвидирале. Побегнале од местото на злосторството со автомобили и моторцикли. Невладини организации наведуваат дека степенот на криминал во Венецуела расте бидејќи економијата во државата е во рецесија поради цената на нафтата. Се истакнува...

Полицијата се судри со демонстрантите во Венецуела

Полицијата се судри со демонстрантите во Каракас кои се обидоа да дојдат до седиштето на изборната комисија со цел да побараат референдум за отповикување на претседателот Николас Мадуро. Како што јавуваат локалните медиуми, полицијата употребила солзавец откако мала група демонстранти се обиде да го пробие полицискиот кордон. Венецуелското собрание, во кое мнозинство има партијата која е опозиција на Социјалистичката партија на...

Венецуелскиот претседател ја зголеми минималната плата за 30 проценти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, нареди на Меѓународниот ден на трудот да се зголеми минималната плата за 30 отсто, обидувајќи се на тој начин да ги намали последиците од високата инфлација и од економската стагнација во земјата. Минималната плата во Венецуела претходно е зголемена на 1 март и тоа за 25 отсто. Со новото зголемување, кое стапува на сила денеска, минималната заработувачка...

Вирусот зика усмрти три лица во Венецуела

Три лица починаа во Венецуела од компликации предизвикани од вирусот зика, соопшти венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Во телевизиското обраќање, Мадуро рече дека во Венецуела се регистрирани 319 случаи на вирусот зика и оти починатите се првите жртви на вирусот и тоа на глобално ниво. Мадури наведе дека 68 пациенти со компликации се наоѓаат на интензивна нега и истакна дека на Венецуела...

Венецуела: 4.700 заразени со вирусот зика

Венецуела регистрирала 4.700 можни случаи на вирусот зика, за кој се верува дека предизвикува оштетување на мозокот кај новороденчиња, соопшти министерството за здравство на таа земја. - Имаме извештаи од 4.700 пациенти, за кои се сомневаме дека се заразени со новиот вирус и тоа врз база на симптомите – рече министерката за здравство, Луизиана Мело. Таа рече дека бројот на заразените...

Опозицијата победи на изборите во Венецуела

Опозицијата во Венецуела освои контрола над државното законодавство, наведува националната изборна комисија, што е жесток удар за социјалистичката влада која веќе 16 години раководи со конгресот. Широката коалиција МУД, која ја сочинува десниот центар, освоила мнозинство, односно 99 од 167 места во државниот парламент, објави денеска претседателот на националната изборна комисија, Тибисеј Луцена. Социјалистичкиот претседател, Никола Мадуро, се појави на телевизија и го...

Венецуела се соочува со пивска криза

Венецуела се соочува со недостиг од пиво поради штрајк на работниците во две пиварници во земјата, пренесува „Би-Би-Си“. Притисокот за затворање на пиварниците дошол од синдикатите, поради спор околу платите со „Полар“, фирмата што произведува 80 отсто од пивото во Венецуела. Според медиумите, половина од пиварниците биле затворени, додека останатите работат со половина од своите капацитети. Како што пренесува „Би-Би-Си“, спорови меѓу синдикатите и...

Венецуела е принудена да увезува нафта

Венецуела е принудена да увезува нафта за сопствени потреби иако се проценува дека земјата ги поседува најголемите нафтени резерви. Поранешниот претседател Уго Чавез своевремено се фалеше дека ја вратил нафтената индустрија под контрола на државата, откако го национализираше вложувањето на приватните нафтени компании во земјата – „Ексон мобајл“ и „Коноко“. Деветнаесет месеци по смртта на Чавез, Венецуела не е во состојба...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...