fbpx
Таг: субвенции

таг: субвенции

Трамп ѝ се заканува на ЕУ со нови царини од 11 милијарди долари

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со нови царини од околу вкупно 11 милијарди долари на различни стоки кои се увезуваат од ЕУ. Тоа, како што велат од Вашингтон, е одговор на штетите нанесени на американскиот авиопроизводител „Боинг“ од субвенциите што Брисел ги дал на неговиот европски конкурент „Ербас“. Бирото за трговија на САД подготвува листа на...

И приватниците сакаат субвенции за нови автобуси во јавниот превоз

Две недели по распишувањето на огласот за набавка на нови автобуси за ЈСП - Скопје, приватните превозници што вршат јавен превоз во главниот град посочуваат дека би сакале да добијат еднаков третман како и ЈСП - Скопје при обновата на возниот парк. Од „Макекспрес“ информираат дека во два наврати поднеле барања за одредување критериуми и технички карактеристики на возилата,...

Град Скопје почна со постапката за субвенции за инвертер – клима уреди

Град Скопје денеска објави јавен повик за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди. Субвенции може да се доделат само за инвертери купени од 1 јануари до 30 ноември годинава, или пак до потрошувањето на предвидените пари за субвенции. Доделувањето на парите ќе се врши по принципот „Прв дојден - прв услужен“. Од градската управа посочуваат дека давањето...

Општина Прилеп ќе ги субвенционира сметките за вода на социјално загрозените

За да им се олесни социјалниот статус на над 500 домаќинства корисници на постојана парична помош, Советот на општина Прилеп, на предлог на градоначалникот Илија Јованоски вчера одлучи 1,5 милион денари (24.400 евра) од буџетот за 2019 година, да бидат наменети за субвенционирање на нивните сметки за вода. - Целна група се социјално ранливи категории кои се евидентирани во Меѓуопштинскиот...

Град Скопје распиша јавен повик за субвенции за инвертер клима уреди

Град Скопје распишa јавен повик за субвенционирање на инвертер клима уреди и други современи уреди за затоплување на домаќинствата, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето. За оваа намена во буџетот на Градот се предвидени 20 милиони денари. За секој купен инвертер клима уред, секој граѓанин којшто ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина...

Повторно ќе се делат субвенции за печки на пелети во Скопје

Градот Скопје денеска објави нов јавен повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Вакви повици за субвенции имаше неколку во последните неколку години. Ваквиот потег е со цел да се стимулираат граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување, за да се намали загадувањето на воздухот. Сите...

Наумовски: Превозниците незаинтересирани за субвенциите за плински уреди во возилата

Во буџетите на Град Скопје за 2018 и за 2019 година се предвидени пари за субвенции за вградување на плински уреди со цел намалување на штетните издувни гасови, наменети за приватните автобуски превозници, но овие средства минатата година останаа неискористени, поради тоа што превозниците не пројавија интерес да ги искористат, изјави за „Мета“ Никола Наумовски од кабинетот на градоначалникот...

Сугарески и „Визер“ денеска ќе потпишат договор за субвенции

Министерот за транспорт Горан Сугарески и претставници на нискобуџетната авиокомпанија „Визер" денеска ќе потпишат Договор за финансиска поддршка за евтини авиолинии. Тоа е трет Договор за субвенции за авиолинии меѓу македонската Влада и „Визер“. Во наредните три години на авиокомпанијата треба да ѝ бидат исплатени пет милиони евра. Субвенционираните летови од аеродромите во Скопје и во Охрид треба да ги опслужува...

Град Скопје продолжува со доделувањето субвенции за чистење оџаци

Град Скопје го продолжува  доделувањето субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот. Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а за субвенции можат да достават барање физички...

Стартуваше вториот јавен повик за субвенционирање печки на пелети

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција соопшти дека од денеска стартува вториот јавен повик за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата  ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут. Парите, седум милиони денари (речиси 114.000 евра), се обезбедени со ребалансот на државниот буџет. - Со ова ќе придонесеме...

Владата се изјасни негативно за предлог-амнестијата за настаните на 27 април

На вчерашната 104. седница, Владата донела одлука да му додели кредит на металуршкиот комбинат „Југохром“ од Јегуновце за набавка на филтри. Владата донела и негативно мислење за Предлог-закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година, кој беше доставен од група пратеници во Собранието. Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) од Посебниот...

Владата ќе ги олесни критериумите во третиот јавен повик за нискобуџетна авиокомпанија

Владата на вчерашната седница одлучила да биде објавен трет јавен повик за субвенции за нискобуџетни авиокомпании со олеснети критериуми, по неуспешните два огласи. -Да, ова е трет јавен повик за избор на авиокомпанија која ќе добие финансиска поддршка. Овој пат ги олеснивме условите, така што авиокомпанијата треба да воспостави две нови авиолинии од Скопскиот и две од Охридскиот аеродром до...

МАНУ за загадувањето: Да се забрани увоз на возила постари од осум години

Да се забрани увоз на возила постари од осум години во земјава, да се спроведуваат постојани контроли на издувните гасови на возилата и воведување казни за оние кои ги извадиле катализаторите од возилата. Постојано да се зголемува и акцизата на дизел горивото за неговата цена да се изедначи со цената на акцизата на дизелот. Тоа се дел од препораките за...

Втор повик од Град Скопје за субвенции за печки за пелети

Град Скопје денеска  го објави вториот јавен повик годинава за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2018 година, втора фаза. Во оваа акција, чија цел е да се користат поквалитетни печки кои помалку ќе го загадуваат воздухот, на граѓаните ќе им се надоместуваат до 70 отсто од цената на печката на пелети, но до...

Град Скопје сè уште тактизира околу субвенционирањето на печки на пелети

Грејната сезона веќе почна, а Градот Скопје сè уште не го објавил вториот повик за субвенционирањето на купувањето печки на пелети за заинтересираните граѓани. Огласот требаше да биде објавен пред почетокот на сезоната на греењето, како втор годинава, откако на Совет на Град Скопје не помина обидот на градоначалникот Петре Шилегов во ребалансот на градскиот буџет да го „протне“...

Од денеска почнува аплицирање за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува млекопроизводителите дека е во тек поднесувањето на барањата за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот  од мај до септември 2018 година, односно за трета фаза млеко. „Рокот за поднесување на барањата е до 5 ноември, висината на поддршката изнесува четири денари по...

Нова интервентна субвенција за производителите на јаболка од три денари

На 93. седница Владата донесе одлука за воведување нова интервентна субвенција за производителите на јаболка. Имено, оние производителите кои што ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи, ќе добијат субвенција од три денари за килограм предадени јаболка. „Условот за добивање на оваа нова субвенција е родот да биде предаден најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од...

Започна исплатата на првите договори од европската ИПАРД 2 програма

Од денска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој започна со првите исплати за финансиските средства од договорите склучени со последниот повик за програмата ИПАРД 2. Преку ИПАРД 2 до денеска се склучени рекордни 898 договори во вкупна вредност на побарувани средства од 15,6 милиони евра, од кои 11,7 милиони евра се од европските фондови. Се очекува вкупната...

Ќе се зголемуваат платите во основното и средното образование

Владата на вчерашната седница донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во средно образование за 5%, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава. На покачувањето ќе му претходно потпишување договор меѓу Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). Со овој документ ќе се утврди најниската плата за најнискиот степен...

Владата со нови критериуми за субвенции за авиопревозници

Владата на денешната седница почна нова постапка за доделување финансиска поддршка, односно субвенции, на домашни и странски авиокомпании за евтини летови. Пред две седмици беше поништен повикот за субвенции на кој се пријави само унгарската компанија „Визер“. Новата мерка за субвенционирање ќе важи за периодот 2019-2021 година. - Владата ги донесе уредбата за начинот и за критериумите за доделување финансиска поддршка на...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...