Општина Прилеп ќе ги субвенционира сметките за вода на социјално загрозените

За да им се олесни социјалниот статус на над 500 домаќинства корисници на постојана парична помош, Советот на општина Прилеп, на предлог на градоначалникот Илија Јованоски вчера одлучи 1,5 милион денари (24.400 евра) од буџетот за 2019 година, да бидат наменети за субвенционирање на нивните сметки за вода.

– Целна група се социјално ранливи категории кои се евидентирани во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Прилеп, како корисници на постојана парична помош. Ќе се субвенционираат 5 кубни метри потрошена вода во текот на еден месец. Спореда сегашните процени, се работи за околу 500 домаќинства кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, а за таа намена се предвидени 1,5 милиони денари од буџетот на Општина Прилеп – рече Миле Талевски, претседател на Советот на општина Прилеп.