!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Изгаснат пожарот во Злокуќани


Скопје, 29 ноември, 2017 - 15:39 (META) 

Во пожарот што избувнал денеска по 13 часот, опожарена е покривната конструкција на четири куќи – лепенки во населбата Злокуќани, а со интервенцијата на припадниците на скопската Противпожарна бригада, спречено е пожарот да се прошири и да направи поголема штета.

– Пожарот е успешно изгаснат, а во моментот се проверува да не има заостанати жаришта, но интервенцијата е завршена – вели за „Мета“ командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески.


Опожарени три возила во Аеродром


Скопје, 17 ноември, 2017 - 13:28 (META) 

Три возила изгореле синоќа на улицата 23 Октомври, поранешна Владимир Комаров, во скопската населба Аеродром, информираше денеска МВР.

Оттаму велат дека засега не се познати причините за опожарувањето на возилата.

Случајот бил пријавен околу 22 часот, а опожарени се „фолксваген шаран“, сопственост на 33-годишниот А.Б., „пежо 308“, сопственост на А.Н., и „форд фиеста“, сопственост на 76-годишниот А.Ј., сите со скопски регистарски ознаки.

Пожарите во возилата биле изгаснати од екипа на скопската противпожарха бригада.

Увид на местото ќе се врши денеска, велат од МВР.


Фрлен молотов коктел врз возило во Скопје


Скопје, 12 февруари, 2017 - 13:14 (META) 

Ноќеска околу 2.20 часот 42-годишна скопјанка во Единицата за информации и команда Скопје пријавила дека непознат сторител фрлил шише со запалива течност врз нејзиното возило, марка „пежо“.

Возилото било паркирано во дворот од нејзината куќа на улицата Ѓорги Крапчев, во населбата Горно Лисиче.

Како што информираат од полицијата, во инцидентот опожарен бил предниот дел од автомобилот, а огнот бил изгаснат од екипа на скопската противпожарна бригада.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.


Запален автомобил на скопјанец во населбата Шуто Оризари


Скопје, 9 март, 2016 - 12:26 (META) 

Непознат сторител синоќа, околу 20 часот, подметнал пожар во автомобил, марка „фолксваген голф 4“, кој бил паркиран на улицата Виетнамска во Скопје, информираат од полицијата.

Од пожарот била зафатена десната страна на возилото. Екипа на скопската противпожарна бригада веднаш интервенирала на местото и го изгаснала пожарот.

Увид бил извршен од екипа на Секторот за внатреши работи Скопје, кој презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.


Најмалку осуммина повредени во експлозија на плинска боца во Драчево


Скопје, 5 јануари, 2016 - 16:40 (META) 

Најмалку осум лица биле повредени во експлозија што попладнево околу 15 часот одекнала во семејна куќа во скопската населба Драчево.

Според првичните неофицијални информации, експлозијата се случила при монтирање грејно тело со плинска боца.

Повредените, според првичните информации, биле пренесени, дел во Ургентниот центар, дел во Градската хируршка клиника „Св. Климент Охрдиски“. Засега нема информации за состојбата на настраданите и за видот на повредите.

Екипи на противпожарната бригада го гаснат пожарот, а на местото се присутни и тимови на итната медицинска помош и на полицијата.


Запален автомобил во населбата Аеродром


Скопје, 1 декември, 2015 - 13:34 (META) 

Ноќеска, триесетина минути по полноќ, бил запален автомобил марка „пежо 307“, на булеварот Јане Сандански, во близина на Мајчин дом, во населбата Аеродром, информира полицијата.

Екипа на скопската противпожарна бригада интервенирала на местото и го изгаснала пожарот.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Дојава за бомба во седиштето на противпожарната бригада во Белград


Белград, 18 ноември, 2015 - 12:16 (META) 

На телефонската линија 192 во Белград е примена анонимна дојава дека во седиштето на противпожарната бригада е поставена експлозивна направа.

Веднаш по дојавата пожарникарите се евакуирани, а полициска екипа врши увид на местото и утврдува дали станува збор за лажна пријава или навистина има поставено бомба во седиштето на противпожарната бригада.