недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: противпожарна бригада | 9 резултати

Фрлен молотов коктел врз возило во Скопје

февруари 12, 2017

Ноќеска околу 2.20 часот 42-годишна скопјанка во Единицата за информации и команда Скопје пријавила дека непознат сторител фрлил шише со запалива течност врз нејзиното возило, марка „пежо“. Возилото било паркирано во дворот од нејзината куќа на улицата Ѓорги Крапчев, во населбата Горно Лисиче. Како што информираат од полицијата, во инцидентот опожарен бил предниот дел од […]

Запален автомобил на скопјанец во населбата Шуто Оризари

март 9, 2016

Непознат сторител синоќа, околу 20 часот, подметнал пожар во автомобил, марка „фолксваген голф 4“, кој бил паркиран на улицата Виетнамска во Скопје, информираат од полицијата. Од пожарот била зафатена десната страна на возилото. Екипа на скопската противпожарна бригада веднаш интервенирала на местото и го изгаснала пожарот. Увид бил извршен од екипа на Секторот за внатреши […]

Најмалку осуммина повредени во експлозија на плинска боца во Драчево

јануари 5, 2016

Најмалку осум лица биле повредени во експлозија што попладнево околу 15 часот одекнала во семејна куќа во скопската населба Драчево. Според првичните неофицијални информации, експлозијата се случила при монтирање грејно тело со плинска боца. Повредените, според првичните информации, биле пренесени, дел во Ургентниот центар, дел во Градската хируршка клиника „Св. Климент Охрдиски“. Засега нема информации […]

Запален автомобил во населбата Аеродром

декември 1, 2015

Ноќеска, триесетина минути по полноќ, бил запален автомобил марка „пежо 307“, на булеварот Јане Сандански, во близина на Мајчин дом, во населбата Аеродром, информира полицијата. Екипа на скопската противпожарна бригада интервенирала на местото и го изгаснала пожарот. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дојава за бомба во седиштето на противпожарната бригада во Белград

ноември 18, 2015

На телефонската линија 192 во Белград е примена анонимна дојава дека во седиштето на противпожарната бригада е поставена експлозивна направа. Веднаш по дојавата пожарникарите се евакуирани, а полициска екипа врши увид на местото и утврдува дали станува збор за лажна пријава или навистина има поставено бомба во седиштето на противпожарната бригада.

Страна 1 од 1