fbpx
Таг: потпреседатели

таг: потпреседатели

Собранието ги избра Мисовски, Ременски и Мемеди за потпретседатели

Пратениците во Собранието на денешната седница избраа тројца потпретседатели - Горан Мисовски, Фросина Ташевска Ременски, Весел Мемеди. Ниту еден од пратениците во Собранието не се пријави на отворената расправа за предлозите за потпретседатели. За Мисоски, Ташевска Ременски и Мемеди гласаа 61 пратеник, а еден беше воздржан. Новите потпретседатели по изборот дадоа свечена изјава, а пратениците ги поздравија со аплауз.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не само што не ги намалува трошоците туку ги дуплира

Одлуката да се именуваат пет наместо актуелните три потпретседатели на Собранието не значи ништо друго освен дополнителен трошок за граѓаните, изјави денеска Дафина Стојаноска на прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ. -Месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува 225.000 денари или приближно 4.000 евра. За двајцата нови потпретседатели кои власта...

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ нема да достави предлог за едно од петте потпретседателски места на Собранието, иако на опозицијата ѝ следува место по деловникот, изјави пратеникот и координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. - Кажавме дека сме против тоа да има пет потпретседатели на Собранието. Нема да го поддржиме овој предлог и нема да го пополниме местото со наш...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...