fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не само што не ги намалува трошоците туку ги дуплира

-

Одлуката да се именуваат пет наместо актуелните три потпретседатели на Собранието не значи ништо друго освен дополнителен трошок за граѓаните, изјави денеска Дафина Стојаноска на прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ.

-Месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува 225.000 денари или приближно 4.000 евра. За двајцата нови потпретседатели кои власта има намера да ги воведе, тоа се дополнителни скоро 9.000 евра месечно или 300 евра дневно, средства кои може да се вложат во здравството или образованието или да се искористат за отворање нови работни места. Ако земеме во предвид дека 5 потпретседатели на Собранието годишно ги чинат граѓаните 240.000 евра, за четири години, тие ќе ги чинат граѓаните приближно 1 милион евра или скоро за двојно повеќе од тоа што претходно било трошено – вели Стојаноска.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека доколку од СДСМ сакале да намалат од трошоците, тие немале да назначат наместо три, пет потпретседатели во Собранието на Република Македонија.

-Пред да дојдат на власт зборуваа дека премногу се троши, а сега не само што не ги намалуваат трошоците, туку и ги дуплираат. СДСМ со ова недомаќинско работење и трошење на народните пари за личниот луксуз и хедонизам, се изживуваарт врз граѓаните и ја водат државата кон амбис од кој нема враќање назад – додава Стојаноска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...