fbpx
Таг: пензионери

таг: пензионери

ПОПГМ: Покажете дека граѓаните и општествените интереси ви се поважни од личните

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) со неизмерна тага ги прими вестите за загубените животи, повредувањето на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и за траумите што ги преживеа локалното население во Куманово, се вели во соопштението на партијата. За ПОПГМ настаните се последица на „кукавички и гнасен обид на мрачни сили, кои носени од само ним познати...

Партијата на обединети пензионери бара итно решавање на кризата

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), со одлука на извршниот одбор, им се придружи на политичките субјекти и на невладините организации од Република Македонија кои се залагаат за спроведување на принципи и ставови во правец на итно и целосно решавање на државно-политичката и институционална криза во земјата. „ПОПГМ ги поддржува силите кои се за раздвојување на партиите...

Пензионерите бараат задолжителна конфискација на нелегално стекнатиот имот

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) ги отфрла како неприфатливи иницијативите изнесени во јавноста, политичко-правнататa криза во државата да се решава со донесување закон за амнестија за инволвираните субјекти. - Секакво амнестирање поединци и групи што ги газат човековите права и слободи, вршат груби нерегуларности во изборниот процес или се носители на коруптивен криминал и грабеж, претставува дерогирање...

ПОПГМ им дава целосна поддршка на студентите и на средношколците

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) им искажа целосна поддршка на средношколците и на студентите за нивните барања и за неприфаќањето на Законот за образование донесен од МОН. „Законот беше експресно донесен, без да ги сослушаат вашите барања и образложенија. Законот, исто така, експресно беше повлечен и, за жал, само пролонгиран“, се вели во писменото соопштение. Обраќајќи се...

Пензионери од Скопје во организирана посета на Археолошкиот музеј

Пензионери од Скопје денеска организирано го посетија Археолошкиот музеј за да ги разгледаат артефактите и да се информираат за нивниот историјат од водичите во оваа национална установа, каде што беше и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и претседателот на Сојузот на пензионерите на Република Македонија, Драги Аргировски. - Пензионерите се овде денеска на нивна иницијатива и можеа да се запознаат...

Бесплатен пензионерски викенд во Охрид

Околу 240 пензионери од земјава од престојниот викенд ќе престојуваат во Охрид, во рамките на проектот на Владата за бесплатен туристички викенд. Сместувањето е договорено во хотелите „Дипломат“, „Амбасадор“ и „Далјан“. Втората група пензионери на охридското крајбрежје ќе престојуваат од 27 до 29 март, а третата ќе го искористи бесплатниот викенд од 3 до 4 април. Со проектот „Бесплатен викенд за...

Повеќе од 15.000 пензионери досега се пријавиле за бесплатен викенд и за бања

Рокот за пријавување за бесплатен туристички викенд и за климатско-бањска рекреација истекува в понеделник. Интересот за користењето на овие услоги е голем. Досега имаат аплицирано 15.260 пензионери, информира денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на аудиокниги за слепи лица. Ова, рече Спасов, е навистина сериозна бројка и голем интерес за искористување на...

Придонеси ќе се плаќаат само на хонорари над минималецот

Ако месечните хонорари како вработен не ви ја надминуваат просечната плата од 9.590 денари, нема да морате да плаќате за дополнително социјално осигурување, појасни денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Тој, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, кажа дека Министерството не се премислило и уште од самиот почеток кога биле најавени измените во законот, било предвидено...

Почнува проектот бесплатен туристички викенд за пензионерите

Од 15 јануари до 16 февруари, сите заинтересирани корисници на пензија ќе можат да аплицираат за користење бесплатен туристички викенд во Струга, Охрид, Дојран, Крушево, Охрид и во Берово. Во рамки на бесплатниот викенд се обезбедени два полни пансиони - две ноќевања со три оброка дневно, од петок до недела, а обезбеден е и автобуски превоз до хотелскиот објект. Со проектот...

800 пензионери се хонорарци во Здружението на пензионери!

Околу 800 пензионери земаат хонорар како награда за дополнителната работа во месните и во општинските одбори на Сојузот на здруженијата на пензионерите во Македонија. Нивните надоместоци се движат од 3.000 до 5.000 денари во основните месни заедници, 8.000 денари во општинските организации, до 15.000 денари во градските организации и до 20.000 денари во претседателството на Сојузот, обвинува Грозда Данова, претседател на Здружението...

Охрид и Струга ќе се офајдат од пензионерските викенди

Охрид и Струга, заедно со останатите туристички места во Македонија, како што се Дојран, Берово, Преспа и Крушево, ќе бидат вклучени во владиниот проект „Бесплатен туристички викенд за пензионерите“. Во туристичките капацитети во овие места ќе се нуди тридневна рекреација за оваа категорија граѓани, со полн пансион и со обезбеден превоз. Проектот „Бесплатен туристички викенд за корисниците на пензии“ ќе се...

Европската федерација на пензионери го укори Вучиќ

Писмо со неверување поради намалувањето на пензиите денеска му испрати генералниот секретар на Европската федерација на синдикатите на пензионери и возрасни лица (ФЕРПА), Бруно Константи, на српскиот премиер Александар Вучиќ. Тој во писмото наведува дека е зачуден од тоа што владата на Србиа предложила усвојување на закон со кој пензиите поголеми од 200 евра селективно ќе се намалуваат, со што на еден...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...