fbpx

800 пензионери се хонорарци во Здружението на пензионери!

-

Околу 800 пензионери земаат хонорар како награда за дополнителната работа во месните и во општинските одбори на Сојузот на здруженијата на пензионерите во Македонија. Нивните надоместоци се движат од 3.000 до 5.000 денари во основните месни заедници, 8.000 денари во општинските организации, до 15.000 денари во градските организации и до 20.000 денари во претседателството на Сојузот, обвинува Грозда Данова, претседател на Здружението на интелектуалци и на пензионери во Македонија. Според неа, месечно околу девет милиони денари Сојузот собира од членарина, а поради тоа што не знае како да ја потрши, се расфрла со купување автомобили и на ручеци со пастрмајлии во Штип. Овие обвинувања ги демантира претседателот на Сојузот на здруженија на пензионерите Драги Аргировски, според кој, примањата на пензионерите се многу помали, а сето друго е куп клевети и непознавање на работата на Сојузот на здруженијата на пензионери.

– Пензискиот фонд е на стаклени нозе. И за да биде парадоксално, благодарение на администрацијата, тој се полни. Од друга страна, пак, Сојузот зема членарина по 30 денари и тоа од секој пензионер, иако таа треба да биде на доброволна основа. Само врз основа на членарина месечно се собираат по девет милиони денари и се трошат ненаменски за лични ќефови. Затоа ние бараме членарината да се плаќа доброволно, а не како сега, задолжително – вели Данова за новинската агенција „Мета“.

Аргировски, пак, тврди дека членарината не е задолжителна, туку доброволна, а парите што се собираат се само на пензионерите и не смее никој да ги потроши.

– Па, тие средства не се за наши лични потреби. Имаме десетици канцеларии низ Македонија, нели треба тие да се одржуваат, па да се плати чистачка, некој што ќе седи таму по пет часа дневно. Од тие пари се исплаќа и посмртнината на челновите на семејствата за околу 1.200 пензионери кои месечно умираат во просек  – вели Аргировски.

Тој тврди дека дел од тие пари одат и за социјално загрозените семејства, дел за здруженијата на инвалидни пензионери и слично. Аргировски вели дека дел од парите одат и за екскурзии на пензионерите кои тие ги организираат, а се бесплатни.

Инаку, пензионерите се изземни од новиот Закон за давачки за хонорарите што ќе стапи на сила на 1 јануари 2015 година.

Сојузот на здруженија на пензионери на  Македонија (СЗПМ) е асоцијација на 53 здруженија на пензионери, доброволно здружени во Сојузот заради заштита и унапредување на заедничките цели и интереси на корисниците на пензија во Република Македонија, за поцелосно и единствено залагање за остварување на правата од пензиско и од инвалидско осигурување, за поквалитетна здравствена заштита, за унапредување на културните, спортските и на хуманитарните потреби на пензионерите.

СЗПМ дејствува како самостојна, невладина и неполитичка организација.

Во Македонија во моментов има 282.734 пензионери.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...