fbpx
Таг: нова влада

таг: нова влада

Заев во седиштето на СДСМ ги почна преговорите со Ахмети за нова влада

Лидерот на СДСМ и мандатар за составување на новата влада, Зоран Заев, денеска во 12.30 часот ги почна преговорите за идниот владин кабинет со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Средбата се одржува во седиштето на СДСМ, каде Ахмети пристигна точно во договорениот термин, но не даде изјава за медиумите. По средбата со Ахмети, треба да следуваат и преговори со другите претставници...

Заев со Ахмети ги почнува преговорите за новата влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска официјално ќе ги почне преговорите за составување на новата влада. Тој завчера го доби мандатот од претседателот Ѓорге Иванов. Првата средба би требало да биде со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, но терминот уште не е договорен, појасни за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Потоа ќе следуваат и преговори со другите претставници на партиите од...

Стејт департментот го поздрави доделувањето на мандатот за нова влада

Стејт департментот вечерва во соопштение го поздрави доделувањето на мандатот за нова влада на Македонија, порачувајќи дека се надева на соработка со владата во справувањето со многуте предизвици што стојат пред земјата. „Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев. Оваа одлука претставува важен чекор напред за...

Алфано: Новата влада да ги спроведе клучните реформи

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Анџелино Алфано, денеска го поздрави доделувањето на мандатот за формирање влада на Зоран Заев и изрази надеж дека новата влада ќе ги спроведе клучните внатрешни реформи, неопходни за продолжување на евроатлантските интеграции. Ја поздравувам одлуката на претседателот на поранешна југословенска Република Македонија, Иванов, да му го додели мандатот за формирање на новата...

Мултановски: Очекувам новата влада да ги спроведе неопходните реформи

Очекувам по доделување на мандатот да се формира влада која ќе работи на реформите за евроинтеграциите, за што ќе ја има полската поддршка, порача амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски. Тој денеска учествуваше на конференцијата „Вишеградската група и Западен Балкан - Што е наредно за овие два региона?“, која се одржа во Скопје. - Вчера претседателот Иванов го даде...

Борисов со новата влада ќе направи план за вклучувањето на Македонија во ЕУ

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчеравечер порача дека набргу откако ќе се формира влада во Македонија, ќе се одржи средба на владите на Бугарија и на Македонија за да се почне со план за интегрирање на Македонија во ЕУ. Борисов претпоставува дека на дневниот ред на ЕУ во првата половина на следната година, кога Бугарија ќе претседава со Советот на...

СЈО исчезна од изјавите на партиите и на меѓународната заедница

Во еуфоријата што завладеа во земјава по формирањето на новото парламентарно мнозинство, изборот на нов спикер на Собранието и по вчерашното доделување на мандатот за формирање нова влада, од наративот на партиите од мнозинството целосно исчезна Специјалното јавно обвинителство и продолжувањето на неговиот мандат за подигнување обвиненија. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим имаат уште околу еден месец...

Заев: Не одам на прослава, туку на состаноци со коалициските партнери

„Јас не одам на прослава, продолжувам со состаноци. Имаме доста коалициски партнери во нашата коалиција, во албанските партии, во другите етнички заедници. Ќе се обидеме да го понудиме најдоброто за да имаме почетна надеж дека добро ќе одработиме“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред седиштето на партијата попладнево, прашан дали ќе биде на прославата пред Влада, за која се...

Беса: Ќе бидеме дел од разговорите за нова влада

Движењето Беса останува посветено во процесот на решавање на кризата и ќе биде дел од разговорите за формирање на новата влада, велат од партијата по повод доделувањето на мандатот за составување нова влада. „Денеска, кога господинот Иванов го даде мандатот за да почнат разговорите за формирање на новата влада, Движењето Беса констатира дека благодарение и на нејзината посветеност, конечно се...

Шилегов: Не планираме прослава, нема потреба од триумфализам, нè чека сериозна работа

„Не организираме официјална прослава. Нема потреба од триумфализам. Македонија е во тешка состојба и ја чека сериозна работа од наша страна за да ја оправиме државата. Ние не сме триумфалисти, оти си ја сакаме државата“, одговори портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прашањето дали партијата организира прослава, откако нејзиниот лидер го доби мандатот да формира влада. Во јавноста попладнево се...

Француска амбасада: Одлуката на Иванов отвори перспектива за брзо формирање влада

Амбасадата на Франција во Македонија соопшти дека ја поздравува одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „Со одлуката се отвора перспектива за брзо формирање на функционална влада што ќе одговори на суштинскиот интерес на земјата и ќе овозможи продолжување на спроведувањето на неопходните реформи за нејзина европска интеграција“,...

Заев: Се надевам дека до 5 јуни ќе го укинеме екстерното тестирање

Ние ќе побрзаме со формирањето влада за да можеме пред 5 јуни, датумот на екстерното тестирање, со одлуки или со закон да го укинеме овој експеримент, кој се покажа како неуспешен, рече мандатарот за составување на новата влада, Зоран Заев, откако претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му го врачи мандатот. - Ние ветивме укинување на екстерното тестирање, тоа ќе биде...

Могерини и Хан: Мандатот на Заев е важен чекор за државата да излезе од кризата

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го ревидира својот став и да го додели мандатот за составување нова влада. „Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го додели мандатот за формирање влада на господинот Заев, што претставува...

Иванов го додели мандатот, Заев гарантира зачувување на државните интереси

Пречките за доделување мандат за формирање влада се отстранети, соопшти денеска претседателот Ѓорге Иванов, кој му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Заев истакна дека двете пречки за доделување на мандатот се отстранети и оти во писмена форма ја доставил гаранцијата до Иванов. - Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и на...

СДСМ: 17 мај е порака за концептот на заедништво што го избраа граѓаните

Да престанат деструктивните политики на раздор, сите, влучително и опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се постават конструктивно во процесите што следат. 17 мај, којшто пред две години испрати порака на заедништво без разлика на каква било припадност и определба, е концептот што го избраа граѓаните на изборите и треба да се даде шанса да ја повлече Македонија кон развој и кон евро-атлантски...

Џафери и Стефансон разговараа за изборот на нова влада и за локалните избори

Доделувањето на мандатот за составување нова влада, следните активности на Собранието на Република Македонија поврзани со тој процес и локалните избори биле главни теми на разговор на денешната средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со амбасадорот на Шведска во земјава, Матс Стефансон. Стефансон, како што соопштуваат од кабинетот на новоизбраниот спикер, на Џафери му го честитал изборот на функцијата...

ЛДП: Прво влада, па законско решение за одржување на локалните избори

Либерално-демократската партија го повика Ѓорге Иванов да го додели мандатот за составување на нова реформска влада, а парламентарните претставници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги опструираат демократските процеси за формирање влада. Партијата вели дека само по изборот на новата влада, може да се разговара за датумот на одржување на наредните локални избори. За застојот во досегашното работење, ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. „Во овој...

Царовска: Новата влада на СДСМ ќе воведе семеен социјален работник

Новата влада на СДСМ планира да го измени Законот за социјална заштита и да воведе семеен социјален работник, кој ќе помага на сите граѓани кои имаат одреден проблем што не можат самостојно да го решат, како различни партнерски односи, конфликти и комуникација со деца, развојни проблеми кај децата, недоразбирања со семејствата и заедницата, порача денеска Мила Царовска, претседателка на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши да се соочи со граѓаните, локалните избори немаат врска со изборот на влада

„СДС во страв од соочување со граѓаните се обидува да го пролонгира рокот за одржување на локалните избори. СДС треба да собере храброст и барем еднаш да ги стави државните интереси и приоритети над партиските“, порача ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и парламентарното мнозинство мораат да овозможат непрекинато фунционирање на единиците на локалната самоуправа и во најкус можен рок да изгласаат продолжување на...

СДСМ: Неопходни се нова влада и локални избори!

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, веднаш да го даде мандатот, со што ќе овозможи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, брзо да ја формира новата влада и потоа законски да се утврди датумот за локалните избори, побара денеска СДСМ. Во соопштението од партијата се вели дека „блокадата на демократските процеси кулминира со штети врз граѓаните со утрешниот престанок на мандатот...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...