fbpx
Таг: корупција

таг: корупција

Партиите кријат од каде ги финансираат кампањите, кои чинат околу 1 милион евра

Американскиот претседател Доналд Трамп во изборната кампања потроши 600 милиони долари, додека неговата противкандидатка Хилари Клинтон трката ја чинеше повеќе од 1 милијарда долари. Во Македонија, пак, за изборните кампањи на кандидатите на најголемите политички партии за претседателските избори во 2014 година беа потрошени околу еден милион евра. За изборната кампања за Ѓорге Иванов, ВМРО-ДПМНЕ потрошиле 878.781 евра, покажува нивниот финансискиот...

Корупцијата е како камелеон – ја менува формата, а не суштината

„Не очекувајте да откриеме нешто ново за корупцијата во државата, бидејќи колку повеќе се трудиме да ја идентификуваме, толку повеќе коруптивните активности ја менуваат својата форма“, изјави поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, на дебатата за предизвиците во изборниот процес во Македонија, која ја организираше „Цивил“ - Центарот за слобода. Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики вели...

СКСМ: Владата има голем удел во стопанството и тоа е проблематично

Економските забелешки во извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ се совпаѓаат со ставовите на Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКСМ) за економските политики на државата, истакна директорот на оваа комора, Фатмир Бикиќи. Тој потенцираше дека постојано укажуваат на проблемите кои се нотирани во овој извештај и потребно е сите забелешки сериозно да се земат предвид. - Она што е истакнато...

Милион службеници во Кина казнети поради корупција

Кина казни повеќе од еден милион службеници поради корупција во последните три години, соопшти кинеската влада. Уште 409 лица, за кои се наведува дека биле во бегство, уапсени се за време на овие години во странство. Овие податоци се објавени во пресрет на почетокот на шестиот пленум на Комунистичката партија на Кина. На состанок во ексклузивен хотел, далеку од очите на јавноста, ќе се соберат...

Балканските антикорупционери ќе разменуваат податоци за имотот на функционерите

Mеѓународна нацрт-спогодба за размена на податоци и за верификација на имотот на јавните функционери, беше поддржана во Софија, на состанок на антикорупционери, претставници на влади и на антикорупциски тела од Југоисточна Европа, меѓу кои и од Македонија. Станува збор за документ што ќе им овозможи на властите и на антикорупциските тела од земјите од регионот, но и пошироко, да добијат и...

Сугарески: Буџетот е проектиран за да ги корумпира гласачите и нема да го гласаме

Предлог-буџетот за 2017 година е една голема лага и на владејачката партија ѝ служи за да ги купи изборите. Ова денеска го истакна пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески, на расправата за предлог-буџетот за 2017 година. - По образложението на предлог-буџетот од страна на министерот за финансии, може да се заклучи дека тој е една голема лага за да ги купите изборите, односно...

Алтхаузер: Пратениците да го поддржат СЈО и да овозможат еднаква правда за сите

Претставниците на граѓаните во парламентот да ги поддржат напорите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и да овозможат еднаква правда за сите, порача денеска германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, која учествуваше на завршната конференција од проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, во организација на Државна комисија за спречување на корупција. Алтхаузер истана дека „во оваа насока е важно...

ТИ: Измените на Законот за заштитени сведоци се од голема важност за борбата против корупција

Здружението „Транспаренси интернешнел“ изразува негодување во врска со неизгласувањето на измените на Законот за заштитени сведоци предложени од Специјалното јавно обвинителство, а за кои се расправаше и се гласаше на седницата во Собрание одржана на 4 октомври. - „Транспаренси интернешнел Македонија“ смета дека предложените измени се од голема важност за борбата против корупцијата која во моментов се случува во Македонија....

Зврлевски денеска се сретнал со амбасадорот Жбогар

Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, попладнево се сретнал со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Самуел Жбогар, информираа од Основното јавно обвинителство. „На средбата, која беше од протоколарен карактер, се разговараше за улогата и за поставеноста на Јавното обвинителство на Република Македонија, како надлежен орган за спречување и борба против криминалот“, пишува во соопштението на...

Владо Ѓорчев, новинарот на „Мета“, доби награда за истражувачка сторија за корупција

Новинарот на новинската агенција „Мета“, Владо Ѓорчев, за текстот „Превозниците од „Транспортер“ не сопреа, туку тераат по старо, па и уште побрзо“, ја доби втората награда од конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција, кој се спроведе како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција. - Истражувањето беше интересно, особено за да ги најдам сите луѓе инволвирани во...

СДСМ: Пред избори Груевски сака да додели концесија за изградба на гасовод на 30 години

СДСМ денеска преку соопштение предупреди дека Владата се обидува да спроведе еден од најскандалозните корупциски тендери во десетгодишниот мандат. Од опозициската партија велат дека власта на Груевски во предизборие сака на компанија да ѝ додели концесија на 30 години за изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас. „Која е фирмата на којашто фамилијата пред заминување сака да ѝ даде 30-годишен бизнис...

Поранешниот бразилски претседател обвинет за корупција и за перење пари

Федералните обвинители во Бразил ги обвинија поранешниот претседател Луис Инасиј Лула да Силва и неговата сопруга за корупција и за перење пари, јавуваат локалните медиуми. Обвинувањата се поврзани со обемната истрага за корупција во државниот нафтен гигант „Петробрас“. Полицијата минатиот месец даде препораки за поднесување обвиненија против поранешниот престедател. Во врска со случајот „Петробрас“, против Лула да Силва ќе биде поведена судска...

Швајцарското обвинителство отвори истрага против Франц Бекенбауер за корупција

Швајцарското обвинителство отвори криминалистичка истрага против германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер и уште три други лица во врска со кандидатурата на Германија за организирање на Светското првенство во фудбал во 2006 година, јавува „Би-би-си“. Тие, како членови на организацискиот комитет за првенството, се осомничени за измама, малверзации, перење пари и за проневера. Некои од делата за кои се товарат, како што...

Полицијата е корумпирана, но граѓаните ѝ веруваат, вели анкета на „Аналитика“

Полицијата е институција што ужива најголема доверба меѓу граѓаните, но таа е висококорумпирана, покажува истражувањето на јавното мислење на тема „Ставот на граѓаните околу работата на полицијата“, спроведено од „Поинтплус“, регионална мрежа на седум граѓански организации од Западен Балкан. - Резултатите покажаа дека 58,5 отсто од испитаниците имаат главно или целосно доверба во полицијата. Но, една четвртина одговориле дека немаат апсолутно никаква...

Дилма Русеф повеќе не е претседателка на Бразил

Дилма Русеф, претседателка на Бразил, вечерва со гласање на 61 од вкупно 81 сенатор беше симната од власт, јавуваат светските медиуми. Причината за интерпелацијата е сомнежот дека Русеф ги лажирала јавните трошоци на земјата и дека е вмешана во корупција со нафтениот гигант „Петробрас“. Русеф, која ѝ припаѓа на левицата, во 2010 година беше избрана за претседателка на Бразил. На нејзино место...

СДСМ: Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг поради задолжувањата и корупцијата

Намалувањето на кредитниот рејтинг од страна на агенцијата „Фич“ е поради темпото на задолжување во изминатите осум години и поради огромните корупциски скандали, реагираат од СДСМ. Од опозициската партија велат дека, Македонија веќе нема простор за нови задолжувања. - Колку за споредба, кредитната агенција „Стандард & Пурс“ веќе двапати во изминатите осум години го намали кредитниот рејтинг на Македонија, во услови кога...

Кредитниот рејтинг на Македонија е намален од ББ+ на ББ

Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија од ББ+ на ББ, објави „Ројтерс“. Намалувањето на кредитниот рејтинг, како што пишува „Ројтерс“ се должи на објавувањето на големи обвинувања за корупција, што според агенцијата „Фич“, „се потврда за недостатоците во стандардите на добро владеење“. Понатаму, како причина за намалувањето на кредитниот рејтинг се наведуваат и неуспехот на Договорот од Пржино од минатата година...

Уапсен романскиот вицегувернер на Централна банка поради корупција

Романската полиција денеска го уапси вецегувернерот на Централната банка, Богдан Олтенау, во рамки на истрагата за корупција што ја спроведува Националната дирекција за борба против корупција. Како што јавуваат романските медиуми, Олтеану веќе се наоѓа во притвор, а дирекцијата бара да му биде одреден 30-дневен притвор. - Во тек е истрага, обвинителите сакаат тој да остане во притвор 30 дена - посочи претставник на...

„Транспарентност Македонија“: Партизација и непотизам се главни обележја на оваа власт

„Партизацијата на сите институции, непотизмот и кронизмот се главно обележје на владеење на власта во последните десет години, кога голем број блиски роднини, пријатели и партиски послушници се поставени на високи позиции во централната и во локалните власти, спротивно на антикорупциската регулатива. Голема одговорност за ваквото грубо кршење на законите има Државната комисија за спречување на корупцијата, која во...

Балканските држави тонат во корупција

Владите на државите на Балканот со години тврдат дека ја сузбиваат корупцијата, но во реалноста, тој регион, вклучувајќи ги и балканските членки на Европската Унија, тонат во корупција, пишува германскиот весник „Фанкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ). Германскиот весник тврди дека во пет од девет земји корупцијата се зголемила, а меѓу тие држави е и Македонија, но и Хрватска која е членка...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...