fbpx

ТИ: Измените на Законот за заштитени сведоци се од голема важност за борбата против корупција

-

Здружението „Транспаренси интернешнел“ изразува негодување во врска со неизгласувањето на измените на Законот за заштитени сведоци предложени од Специјалното јавно обвинителство, а за кои се расправаше и се гласаше на седницата во Собрание одржана на 4 октомври.

– „Транспаренси интернешнел Македонија“ смета дека предложените измени се од голема важност за борбата против корупцијата која во моментов се случува во Македонија. Соодветната заштита на сведоци е од суштинско значење во водењето истраги во случаи на корупција. Тие по својата природа се такви што вклучуваат големи ризици за сведоците што би можеле да откријат важни информации за откривањето на криминалот. Поради тоа, нагласуваме дека Македонија мора да го направи секој можен чекор кон обезбедување што е можно поголема заштита за сведоците во ваквите истраги – се вели во реакцијата на „Транспаренси интернешнел“.

Тие ги повикуваат сите политички чинители, кои веќе претходно му обезбедиле позиција на Специјалното јавно обвинителство да ги гони сторителите на кривични дела што произлегуваат од прислушуваните разговори, сега да му обезбедат и можност соодветно да ги процесира случаите.

– Работата на оваа институција е од голема важност во борбата со корупцијата во Македонија и поради тоа сметаме дека треба да му се дадат на располагање алатките што ги има и ЈОРМ, а при тоа и да се елиминираат сите законски пречки кои можат да му попречат во работата – велат од оваа организација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...