fbpx
Таг: Комисија за финансирање и буџет

таг: Комисија за финансирање и буџет

Власта и опозицијата не се согласуваат околу изградбата на „трамвајот на тркала“ во Скопје

По речиси четири месеци лутање низ собраниските лавиринти, низ филтерот на Комисијата за финансирање и буџет денеска помина владиниот предлог-закон за задолжување на земјава кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на две линии од „трамвајот на тркала“ во Скопје. Владата го утврди текстот на предлог-законот за брзиот автобуски превоз-БРТ уште кон средината на ноември минатата...

Нема пари во Буџетот за 2021 година за нови осум инспектори за животна средина, прифатени два амандмани на О2 Иницијатива

Само два амандмани поднесени по препорака од О2 Иницијатива се прифатени во расправата за Буџетот за 2021 година во Комисијата за финансирање и буџет. Тоа се амандманите за акредитирање на државна лабораторија, но само за испитување на ПМ 10 честички, како и амандманот за ажурирање на Катастарот на загадувачи и загадувачки супстанци во воздухот. Предлогот на екологистите, во буџетот...

Собранието го одби амандманот на О2 Иницијатива за поставување филтри на оџаците на јавните институции

Екологистите се незадоволни од распределбата на средства во Буџетот за 2021 година кои се наменети за животна средина и борба со аерозагадувањето. Еден од најголемите еколошки предизвици во земјава, високите концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5 е нашата реалност и годинава. Планот за чист воздух донесен пред две години не даде доволно резулатати, а како последица на тоа...

Започна комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2021 година, опозицијата поднесе 528 амандмани

Собраниската расправа за Предлог-буџетот за наредната година започна денеска во матичната Комисија за финасирање и буџет. Образложувајќи го буџетот за 2021 година, министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека тој базира на четири столба: економско заздравување од ковид-19, забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и развој на човечките ресурси и еднакви можности. Преку...

Поддржан и дополнет предлогот за отпис на каматите од долгови

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска едногласно даде поддршка за предлог законот за отпис на камати од долгови на граѓаните кон претпријатија кои извршуваат јавни и комунални услуги. Комисијата ги дополни основите за отпис на камата и за радиодифузна такса, предлага донесување генерална одлука од оние кои имаат побарувања од граѓаните во рок од десет дена и намалување на...

Како „копи-пејст“, „препишани“ и „излишни“, не поминаа 95 амандмани за буџетот

„Не се прифаќа“. „За побараното со овој амандман веќе се предвидени пари во буџетот за 2018 година“. „Општините треба да аплицираат во соодветното министерство и ќе добијат пари од буџетот“. Така денеска гласеше постојано одговорот што го даваше Ширет Елези, заменик-министер за финансии, како претставник на Владата, на сите прашања од претседавачот на седницата на собраниската Комисија за финансирање...

Второ продолжение на комисиската расправа за буџетот во 11 часот

Собранието денеска во 11 часот го закажа второто продолжение на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Седницата на која се разгледува предлог-буџетот за 2018 година, почна на 27 ноември, и оттогаш нејзиното одржување се одложуваше една недела. Вчера се одржа првото продолжение на седницата, на која не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Со комисијата претседава пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој...

Расправата за буџетот продлжува утре – ќе се разгледуваат предложените амандмани

Комисијата за финансирање и буџет ја прекина денешната седница и го закажа нејзино продолжение за утре во 11 часот. По една недела пауза, комисијата денеска продолжи да работи без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која засега сè уште нема одлучено дали целосно ќе го напушти Собранието. Претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, минатата недела на неопределено ја одложи работата на...

Повторно одложена седницата на Комисијата за финансирање и буџет

Собранието извести дека и денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, која требаше да почне во 11 часот, е одложена. Денеска беше четвртиот обид да почне првото продолжение на 20. седница на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на која на дневен ред е расправата за предлог-буџетот за 2018 година, но таа повторно се одложи без...

Комисиската расправа за буџетот за 2018 година ќе продолжи утре

По дводневна пауза, утре во 11 часот ќе продолжи седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која ќе се расправа за буџетот за 2018 година. Првото продолжение на оваа седница се одржа во понеделникот, а претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска, за вчера и за денеска не закажа термин. Овој потег на Кузмановска беше критикуван и од политичарите и...

Одложена седницата на Комисијата за финансирање и буџет

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието, која беше закажана за денеска во 11 часот, се одложи на неодредено, информираат од собраниските служби. На седницата треба да се расправа за предлог-буџетот за 2018 година. Еден од членовите на Комисијата за финансирање и буџет е и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој утринава беше уапсен заедно со уште дваесетина лица...

Расправата за буџетот попладнево само за проблемите на Албанците

Во попладневното продолжение на општата расправа за предлог-буџетот за 2018 година се зборуваше за проблемите на подрачјата населени со Албанци, за проблемите на албанската култура и на високото образование на албански јазик. Во дискусија полна со реплики, Неџбедин Каремани од Беса и Реџаиљ Исмаили од ДУИ изнесуваа бројки и наведуваа реализирани и нереализирани проекти. Каремани рече дека буџетот, како што е...

Со општата комисиска расправа за буџетот, почнаа и општите партиски препирки

Дали буџетот за 2018 година е развоен или не, зошто новата власт нема доволно странски инвестиции и не ги зголемува пензиите и платите, кој за што се задолжувал и колку пари сега треба да се враќаат, беше содржината на дискусиите во општата расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска до паузата. Откако министерот за финансии, Драган Тевдовски, го изложи...

Буџетот за 2018 година во собраниска процедура ќе влезе на 27 ноември

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, очекува Буџетот за 2018 година да биде усвоен од пратениците до 20 декември. Џафери во изјава за „Алсат-М“ најави дека матичната Комисија за финансирање и буџет првата седница ќе ја закаже на 27 ноември, по што ќе почнат да течат строго утврдените рокови во Деловникот за усвојување на Буџетот. Додека трае комисиската расправа за буџетот...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на деловникот, СДСМ велат опозицијата блокира

Собранието ќе ја продолжи осмата седница по паузата за ручек, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина петтата седница за извештајот на Агенцијата за администрација. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ велат дека претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска, не го потпишала извештајот од расправата за ребалансот на буџетот и побараа пауза и информација за тоа кој, како што...

Собраниската комисија ја продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Комисијаата за финансирање и буџет денеска во 11 часот треба да продолжи расправата за предлогот на Владата за ребаланс на буџетот за 2017 година. Основата цел на ребалансот, како што образложи министерот за финансии, Драган Тевдовски, е да се намалат непродуктивните трошоци и да се обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада. Втора точка на дневен ред на Комисијата е...

Завршната сметка за буџетот за 2015 година денеска пред пратениците

Пратениците на денешната 108. собраниска седница ќе расправаат по завршната предлог-сметка на буџетот за 2015 година. Министерот за финансии, Кирил Миноски, неодамна ја образложи завршната сметка на буџетот за 2015 година пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Вкупните приходи на буџетот биле 161 милијарда денари, расходите 180 милијарди денари, а дефицитот изнесувал 19 милијарди денари. Со завршната сметка за...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...