!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Шарпланинец воден на синџир каснал дете во Неготино


Неготино, 3 јануари, 2018 - 11:20 (META) 

Шарпланинец воден на синџир од неговиот сопственик, каснал дете за рака во Неготино, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил вчера околу 14 часот на местото викано Антена. Кога кучето дошло до група деца што си играле, каснало за левата рака едно десетгодишно дете. Детето потоа добило медицинска помош во најблиската здравствена ординација.