fbpx
Таг: карневал

таг: карневал

Со стари и неповрзани фотографии се манипулира дека Господ го казнил Бразил поради карневалот

Фотографиите од карневалите кои се прикажани во постот не се од оваа година, ниту пак, се од иста година, а некои не се ни од Бразил. Истото се однесува и на фотографиите коишто се од временски непогоди – и тие не се неодамнешни, а некои од нив не се од Бразил, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Фотографија стара 20 години фабрикувана како да прикажува маска со Зеленски на карневалот Виареџио

Не е точно дека маска-фигура која го претставува украинскиот претседател Зеленски онака како на фотографијата од постот што се споделува на Фејсбук, некогаш се појавила на карневалот Виареџио. Станува збор за компјутерски изменета фотографија. Оригиналната фотографија е направна во март 2003 година на карневалот во Диселдорф и на неа се гледа маска која ја прикажува Ангела Меркел како излегува...

Пендаровски и МНР го осудија палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани

Претседателот Стево Пендаровски го осуди чинот на палење на знамето на Бугарија на Вевчански карневал. „Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил. Министерството за надворешни работи палењето на бугарското знаме го оцени како штетен по угледот...

Карневал во Вевчани: Василичарите не го исполниле ветувањето, интервенирала полицијата

Жителите на Вевчани и покрај забраните за групирање, на денот на традиционалниот карневал, денеска ги ставија маските и се обидоа да направат дефиле, но полицијата ги спречи во намерата. „Полициски службеници интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на корона вирусот, односно забраната за групирање на повеќе од четири лица, со што се загрозува...

Карневалот во Вевчани со маски за загадувањето и за трошоците на пратениците

Во Вевчани со карневалската поворка која тргна во 14 часот денеска почна традиционалниот карневал кој датира 1.400 години наназад. Одбележувањето ќе заврши утре со спалувањето на маските и честитки за Стара нова година. Општествено политичките случувања кај нас и во светот и годинава беа инспирација за василичарите да имаат креативни и критички маски во дефилето. Колоритните маски продефилираа низ Горна...

Вечерва е Стара нова година, во Вевчани почнува карневалот

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат МПЦ-ОА, СПЦ и РПЦ, вечерва се дочекува Новата година, кај народот позната како Стара нова година. Првиот ден на новата година е познат како Василица, кога многумина празнуваат домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. Некои семејства, слично како и за време на...

На Струмичкиот карневал годинава имаше повеќе од 1.000 учесници

Меѓународниот карневал што традиционално се одржува во Струмица, заврши и на него учествуваа околу 1.100 учесници од Албанија, Русија, Бугарија, Црна Гора, Србија и од Аруба. Според Александар Цицимов од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, годинава не биле присутни некои од традиционалните гости од странство, поради совпаѓање на православниот и на католичкиот Велигден и одржувањето на традиционалните карневали во другите земји. Сепак, како што...

Пијан возач влета во толпа и повреди 28 лица во Њу Орлеанс

Пијан возач влета во толпа, при што 28 лица се повредени, меѓу кои и деца, јавија американски медиуми. Луѓето ја гледале главната парада на карневалот „Марди грас“ во центарот на Њу Орлеанс. https://twitter.com/Z9Network/status/835696200946941952 Шефот на локалната полиција, Мајкл Харисон, изјави дека не станува збор за терористички напад, туку дека возачот бил или пијан или под дејство на дрога. - Се сомневаме дека...

Почнува карневалот во Рио де Жанеиро

Во Рио де Жанеиро, кој не е ниту главен, ниту најголем град на Бразил, но е секако најпознатиот, денеска, како и во други места во големата јужноамериканска земја, почна карневалот. Карневалот во Рио е можеби најпознатиот на светот, а наскоро градските власти на овој крајбрежен мегалополис ќе му ги предадат клучевите на градот на „Момо“, односно годинашниот дебел крал на...

Денеска на Вевчанскиот карневал, главната атракција – дефиле на маските

На Вевчанскиот карневал денеска главната атракција е дефилето на маските, или суратите, како што се нарекуваат на локалниот дијалект. Од повеќе маала ќе тргнат поворките со повеќе од илјада василичари, кои ќе се спојат на плоштадот пред зградата на Општина Вевчани. Никој однапред не открива со какви маски, односно пораки, ќе излезат вевчанци годинава. Тоа се смета за најстрога тајна во милениумската традиција,...

Денеска почнува „Вевчанскиот карневал“

Годинешниот „Вевчански карневал“ почнува денеска со културни настани предвидени за оваа манифестација. Програмата денеска е во знакот на одбележувањето на верскиот празник Свети Василиј Велики, заштитник на вевчанските василичари и на Вевчани, додека формалниот почеток на карневалот е в четврток. Денеска, со почеток во 17 часот, во Клубот на пензионери во Вевчани ќе се одржи трибина на тема „Перспективите на руралниот туризам во Република...

„Фрајле“ и 1.500 василичари ќе ги забавуваат посетителите на Вевчанскиот карневал

Околу 1.500 василичари ќе учествуваат на годинешниот Вевчански карневал, на кој главна атракција ќе биде женскиот бенд од Нови Сад „Фрајле“, соопшти денеска на прес-конференција во Скопје градоначалникот на Општина Вевчани, Цветомир Угриновски. Според програмата на карневалот, од домашната сцена ќе настапат дуото „ДНК“ и групата „Нокаут“, додека од фолк-сцената, посетителите и туристите ќе ги забавуваат Анета Наковска и Ефто...

За време на карневал во Келн, регистрирани 22 сексуални напади

Германската полиција соопшти дека биле регистрирани 22 сексуални инциденти за време на карневалските свечености во западногерманскиот град Келн. Речиси 200 лица биле притворени за нарушување на јавниот ред, додека едно лице е уапсено и обвинето за напад и за силување. Мерките за безбедност годинава се значително зголемени и на улиците има повеќе од 2.500 полицајци. Ваквата одлука на германските власти доаѓа по...

Џоломарите од Тиквешијата на карневал во Словенија

Џоломарите од кавадаречкото село Ресава заминаа на карневал во словенечкиот град Птуј. - Ќе бидеме дел од карневалскито дефиле, кое ќе се одржи денеска и в недела. Ќе ја промовираме историјата, традицијата и културата на Тиквешијата. Со лицата исцрнети со саѓи, страшните кожувчиња, вревата од клопотарците и со стаповите, ќе ги избркаме злите духови и ќе направиме место за среќата и...

Дваесет загинати на уличен карневал на Хаити

Најмалку 20 лица загинаа, а 46 се повредени од струен удар на карневалот во Порт-о-Пренс, главниот град на Хаити. Несреќата се случила во време кога на улиците се наоѓаат илјадници луѓе на годишната прослава. Очевидци велат дека некој од масата со штица ја допрел жицата што пренесувала струја за да може карневалското возило да мине под неа. Некои од жртвите загинале од струен...

Германија откажа карневал поради терористички закани

Германската полиција нареди откажување на традиционалниот карневал во северниот германски град Брауншвајг поради „специфични закани од исламистички напади“, соопшти германската полиција. Карневалот, кој денеска требаше да почне, е откажан откако безбедносните служби добиле информации за потенцијални напади.

Студент поднесе кривична пријава против Вевчанскиот карневал

Златко Јакимовски, студент во трета година на Правниот факултет „Јустинијан Први“, до Обвинителството во Струга поднесе кривична пријава против непознати сторители за убивање, мачење и за нанесување непотребни болки на животни на Вевчанскиот карневал, кој се одржа во периодот од 10 до 15 јануари годинава,  јави  „Академик“.  - Оваа кривична пријава ја поднесов како граѓанин, но, пред сè, како човек кој од...

Казни за мачителите на животни во Вевчани!

Фотографии од Вевчанскиот карневал на кои можат да се видат кокошки наденати на вили, живи преплашени кокошки врзани за екстремитетите и фрлани во воздух како да се топки, а не живи суштестваа, труп на убиено куче заврзано за екстремитетите како плен, влечкано и мавано од толпата за да се прикаже пагански ритуал, живо куче со заврзани очи влечено со...

(ФОТО) Маските запалени: Заврши Вевчанскиот карневал, традиција долга 14 века

Традиционалното Василичарско оро и ритуалното палење на маските, во Вевчани го означија крајот на уште едно издание на Вевчанскиот василичарски карневал, најстарата карневалска манифестација во земјава, со траење од 14 века. Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, за карневалот вели дека е место на собирање на сите добронамерници со карневалски дух од целиот свет. - Вевчани е престолнина на...

Вевчани под маски

Вевчанци и годинава преку сатира ги прикажаа случувањата во земјата, како што е ЕВН и проблемите со струјата за време на новогодишните празници, странски инвестиции, студентски протести, баба Рада, проблемите со снегот на „Македонија пат“, како и традиционалните Зет, Невеста и Глупавиот Август.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...