Меѓународниот карневал што традиционално се одржува во Струмица, заврши и на него учествуваа околу 1.100 учесници од Албанија, Русија, Бугарија, Црна Гора, Србија и од Аруба.
Според Александар Цицимов од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, годинава не биле присутни некои од традиционалните гости од странство, поради совпаѓање на православниот и на католичкиот Велигден и одржувањето на традиционалните карневали во другите земји.
Сепак, како што вели, имале ист број учесници, како и атрактивни групи од Москва, Русија и од Аруба.
Карневалот го проследија и претставници на дипломатскиот кор во државата, а со своите сограѓани беше и поранешниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев.
Поради овој настан, Струмица е на листата на најдобрите 20 „карневалски“ градови во светот.