fbpx

Вечерва е Стара нова година, во Вевчани почнува карневалот

-

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат МПЦ-ОА, СПЦ и РПЦ, вечерва се дочекува Новата година, кај народот позната како Стара нова година. Првиот ден на новата година е познат како Василица, кога многумина празнуваат домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. Некои семејства, слично како и за време на бадниковата вечера, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Преминот од старата во новата година според Јулијанскиот календар е и времето кога во Вевчани се одржува познатиот карневал, кој има традиција стара 14 векови. Карневалот почнува денеска во 13 часот, кога ќе се одржи дефилето на маските, а вечерва, Чалгија саунд систем, Џамбо Агушев оркестар и Блага Петреска ќе ги забавуваат василичарите и гостите на Вевчани.

Кулминацијата на настанот е утре сретсело со василичарско оро на околу илјада маски. Карневалот ќе заврши попладнето со традиционалното палење на маските.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелски тенкови влегле во Рафах

Израелските сили вчеравечер влегле во Рафах со тенкови. Во градот во јужна Газа биле забележани напади од тенкови, артилерија, хеликоптери и дронови, пренесува Гардијан. Нападите врз Рафах изминатиот месец принудија...