fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Објавен повикот за учество на манифестацијата „Бела ноќ“

Јавната установа Универзална сала – Скопје и Град Скопје распишаа јавен повик за учесници на културната манифестација „Бела ноќ“, која годинава треба да се одржи по 17 пат. „Годинава, како и секоја Бела ноќ, ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип) како и применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации),...

Вчера во Скопје имало 22 интервенции на пожарникарите и 7 лажни пријави за пожари

Вчерашниот ден бил исклучително тежок ден за екипите на Противпожарната бригада на Скопје, кои имале 22 интервенции на територијата на Скопје, информираат од Град Скопје. Најголем дел од интервенциите биле за запалена трева, а поголем пожар се случил во фабриката ОХИС. Сите пожари се изгаснати, а на локациите се интервенирало со повеќе возила и пожарникари. Градските власти велат дека во...

Маунтбајкерите ќе добијат нова велосипедска патека на Водно

Градот Скопје ќе гради надолна велосипедска патека за маунтбајкерите од Средно Водно до Скопје. Должината на планираната велосипедска патека е од 3.500 до 3.700 метри, додека ширината на патеката е планирано да изнесува три метри. Патеката ќе ја проектира и изведе љубљанската компанија „Завод Алианса“, која предвидено е да ги реализира работите за сума од речиси 8.000.000 денари. „Downhill flow“...

За да се обезбедат почисти оџаци и квалитетен воздух, со закон ќе се промовира професијата оџачар

Градот Скопје подготвува закон за да ја промовира професијата оџачар, која е дефицитарна кај нас. Градските власти информираат дека изработиле текст на Нацрт – Закон за оџачарски работи, кој има за цел да ја возобнови и промовира професијата оџачар, како дел од мерките за решавање на проблемот со аерозагадувањето во зимските месеци. Со новиот закон ќе се регулира оџачарството...

Град Скопје ќе прска против ларви од комарци

Градот Скопје информира дека на 30 јули (петок) ќе се прска против ларви од комарци, според следниот план: - Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.07.2021 година (петок), во раните утрински часови. - Терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.07.2021 година (петок), во...

„Доза среќа“ со златен медал и специјална награда на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инжерество

Македонскиот тим од Здружението Дневен центар „Доза среќа“ на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC) на крајот од јуни освоија златна медала и специјална награда за нивниот проект „Influence of active components of solutions of herbal plants from certain ecological sites and their application in the treatment of certain infectious diseases“, којшто добри одлични оценки од...

На две локации во Скопје ќе има легални ѕидови за цртање графити и мурали

Градот Скопје во рамки на кандидатурата за Европска престолнина за културата за 2028 година назначи два легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично. Првата локација е потпорниот ѕид на улицата Војвода Васил Чакаларов (Адолф Циборовски) по фабриката Реплек. Втората локација се ѕидовите од двете страни на булеварот Гоце...

РЕПОРТАЖА: Не секоја скопска населба нуди нормални услови за возење велосипед [фото]

Скопје за првпат во својата историја годинава ја надмина должината од 100 километри велосипедски патеки на својата територија, а градските власти се гордеат со податокот дека секоја година успеваат да изградат над 10 километри нови велосипедски патеки во главниот град. Градот Скопје пред две години за прв пат го доби и Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 година,...

Град Скопје ќе прска против комарци

Градот Скопје информира дека во текот на наредните неколку дена ќе се прска против комарци, според следниот план: Авионската дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 15 јули (четврток) и на 16 јули (петок), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се одвива од 18 јули (недела) до 22...

Град Скопје најавува нов мост помеѓу населбите Карпош 4 и Злокуќани

Градоначалникот Петре Шилегов го потпиша договорот со Владата и ТАВ со кој се овозможува реализацијата на проектот за мостот на улица Љубљанска во Карпош, информираат од Град Скопје. Вредноста на договорот изнесува 382,5 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е до крајот на 2023 година. „Непреченото функционирање на сообраќајот и намалување на метежот е еден од приоритетите...

Во август ќе се распише тендерот за изградба на првата БРТ линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров

Меѓународниот тендер за изведба на првата БРТ линија во Скопје од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе биде распишан во текот на август годинава, изјави градоначалникот Петре Шилегов на денешната презентација на системот за брз автобуски превоз во Скопје што се одржа во хотелот Хилтон. Тендерската постапка ќе се состои од две фази, при што најпрво ќе следи претквалификациската фаза...

Започна реконструкцијата на Универзална сала, легендарните столчиња заминаа во историјата [галерија]

Започна реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје. Столчињата од гледалиштето што имаше капацитет да прими околу 1.500 лица деновиве беа изнесени од објектот – симбол на солидарноста што целиот свет ја покажа кон Скопје по земјотресот од 1963 година. Просторот околу Универзална сала е ограден веќе неколку недели, а во моментов се врши и ископот на земја на платото...

Избрани и наградени најдобрите средношколци на натпреварот на средните училишта во Скопје

Во Градскиот парк на Школка денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов им ги врачи наградите и благодарниците на највисоко рангираните средношколци и на нивните ментори, а беа доделени и благодарници за здруженијата, сојузите, друштвата и асоцијациите за успешно реализирани скопски регионални натпревари, информира Град Скопје. „Денеска ги наградуваме регионалните скопски шампиони, сакам да ја искажам мојата благодарност до менторите, до акредитираните...

Активистите бараат добро да се промисли проширувањето на улицата Цветан Димов во Чаир

Новите коловозни ленти за автомобилите и за идниот БРТ во Скопје кои ги предвидуваат градските власти би можело да претставуваат „вистински пекол“ за пешаците и велосипедистите, предупредуваат граѓанските активисти. Од граѓанската иницијатива „На точак“ велат дека токму тоа би можело да се случи доколку се оствари најавата за проширување на улицата Цветан Димов во скопската општина Чаир со шест...

За успехот на атлетичарката Дрита Исљами, Градот Скопје ќе ѝ додели 100.000 денари награда

За постигнатиот успех на македонската атлетичарка Дрита Исљами на Европското екипно првенство во Лимасол (Кипар), Градот Скопје ќе ѝ додели на успешната спортистка награда од висина од 100.000 денари. Градоначалникот Петре Шилегов денеска оствари средба со македонската атлетичарка Дрита Исљами, која по втор пат во последните три недели го собори државниот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки, информираат градските...

Одлуката донесена лани, а изградбата на библиотеката „Цветан Димов“ на Бит Пазар сè уште не е започната

Проектот за изградба на новиот објект на библиотеката „Цветан Димов“ на скопски Бит Пазар сè уште не е започнат. Овој проект беше одобрен во март минатата година од Советот на град Скопје, но сè уште нема активности во правец на започнување на градежните работи, иако помина повеќе од една година од неговото одобрување и, најверојатно, нема да започне наскоро,...

ЦГК анализа: И во кризната 2020, општините на тендери потрошиле 129 милиони евра, речиси исто колку и во претходната година

Пораст на вредноста на набавките има кај Градот Скопје и кај 20 општини, додека намалување е евидентирано кај 61 општина. Најголем вредносен скок во однос на претходната година има Градот Скопје, од 10,3 милиони евра, потоа Општина Гостивар од 5 милиони евра и Аеродром од 2,7 милиони евра. Најголеми падови во вредноста на набавните има кај Општина Липково, за...

Шилегов е задоволен од својот актуелен рејтинг, ВМРО-ДПМНЕ го „мери“ својот кандидат за изборите

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов е задоволен од својот актуелен рејтинг меѓу граѓаните на главниот град во пресрет на одржувањето на локалните избори есенва. Тој денеска ја коментираше анкетата спроведена од Меѓународниот републикански институт - ИРИ, велејќи дека 31 отсто од граѓаните се задоволни од него и тоа е многу во политиката. Во одговор на новинарско прашање, Шилегов рече дека нема...

Започна реконструкција на шеталиштето од гостилницата „Кај жабарот“

Екипите на Град Скопје започнаа да го реконструираат познатото шеталиште пред Градскиот парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај жабарот“, па сѐ до почетокот на влезот во паркит, кај Министерството за земјоделство, спроти паркот на Франкофонијата. „Во должина од 140 метри и ширина од 10 метри, шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека...

Град Скопје: На 20 и 21 јуни ќе се прска против комарци од авион, наредната недела прскање од земја

На 20 јуни (недела) и 21 јуни (понеделник), во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат градските власти. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се врши во истиот термин, првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови“, информираат од Град Скопје. Воедно, тие...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...