fbpx
Таг: Дирекцијазазаштитаиспасување

таг: Дирекцијазазаштитаиспасување

Работник пронашол артилериска граната во Битолско

Вчераутро, во Секторот за внатрешни работи Битола, работник пријавил дека пронашол артилериска граната со калибар од 75 милиметри, информираат од полицијата. Според пријавата, граната била пронајдена при изведување градежни работи на железничката пруга. Екипа на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола ја подигнала граната за понатамошна постапка.

Во Кумановско пронајдена муниција од Втората светска војна

Вработен на фирмата „Вибе“, во средата оваа недела, во кумановската полиција пријавил дека пронашол минофрлачки мини, зрна од топовска граната, запалки за гранати и куршуми, со потеко од Втората светска војна, информира полицијата. Муницијата била пронајдена при ископ за пруга на потегот од Куманово кон индустриската зона „Бедиње“. Како што информираат од полицијата, станува збор за 18 минофрлачки гранати, четири зрна...

Пронајдени две неексплодирани артилериски гранати во Битолско и во Берово

Вработен во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ вчера во СВР Битола пријавил дека во атарот на селото Кременица, при изведување земјоделски работи, пронашол неексплодирана артилериска граната, калибар 155 милиметри, од Првата светска војна, информираат од полицијата. Истиот ден, беровец во локалната полициска станица пријавил дека во понеделеникот, во објект кој порано го користеле „Македонски шуми - Малешево“, нашол неексплодирана артилериска граната, калибар...

Битолчанец во двор нашол граната од Првата светска војна

Четириесет и шестгодишен битолчанец вчера, околу 11 часот, во локалната полиција пријавил дека во дворот од својата куќа нашол артилериска граната од Првата светска војна. Гранатата, битолчанецот ја пронашол додека изведувал градежни работи во дворот од куќата. Од полицијата информираат дека експлозивната направа била подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и однесена за понатамошна постапка.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...