fbpx
Таг: безбедносни служби

таг: безбедносни служби

Зеленски не ја претвора војната во религиозна, туку ја брани Украина од руска пропаганда во црквите

Руската православна црква и нејзиното водство активно ја поддржуваат агресијата на Путин на Украина. Тајната служба на Украина има регистрирано случаи во кои свештенството на Украинската православна црква – Московска патријаршија се вклучувало во оправдување на руската агресија против Украина и колаборација со руски трупи во окупираните територии. Поентата на новиот закон е да се спречи Русија преку црквата во Украина да инсталира свои...

Владата и владините служби нема да користат пластика за еднократна употреба

Владата на вчерашната седница во Куманово ја задолжила Службата за општи работи и услуги при набавките за потребите на премиерот, владата, министерствата и органите во нивни состав, секретаријатот и други стручни служби на владата и Уставниот суд да не набавува вода и други пијалаци во пластична амбалажа, како и пакувања на шеќер, пластични лажички за мешање на кафе и...

Во Собрание презентирани модели за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги презентираше моделите за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем пред Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието. Појдовна точка за оваа реформа е Извештајот на експертската група на Прибе од 2015 година, каде беа дадени сериозни критики за злоупотребата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) преку системот за следење на комуникациите и преку...

Најмалку 11 загинати и 25 повредени во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

Најмалку 11 лица загинале, а 25 се повредени во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во главниот град на Авганистан, Кабул, соопштил портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи, Наџиб Даниш, пренесуваат светските агенции. Според авганистанските власти бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот откако се приближил до група припадници на безбедносните служби. Во нападот се убиени најмалку петмина полицајци. Од...

Заев: Тајното следење ќе биде директно под контрола на Јавното обвинителство

Тајното следење ќе биде директно под контрола на Јавното обвинителство, далеку од рацете на политичарите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на првите решенија за поддршка на младите земјоделци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Заев истакна дека реформите во безбедносните служби се во многу напредна фаза и дека моделот, по сите дебати во...

Османи: Целта не е планот „3-6-9“ да продолжи со „12“, туку со почеток на преговори со ЕУ

Целта на планот „3-6-9“ не е по неговата имплементација, тој да продолжи во нов дел „12“, туку со одлука за почнување преговори, порачал вицепремиерот Бујар Османи на заедничката средба со министрите Оливер Спасовски, Биљен Салији и Дамјан Манчевски со еврокомесарот Јоханес Хан. Како што соопштија од кабинетот на Османи, вицепремиерот го запознал Хан со деловите „6“ и „9“. На средбата посебно...

Џафери до Заев: Пратенички прашања може, но по локалните избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери во одговорот на писмото на премиерот Зоран Заев, вели дека пратеничките прашања се предвидени со Деловникот на законодавниот дом и уверува дека тие ќе почнат да се реализираат по локалните избори. „Собранието во Деловникот го има регулирано прашањето на пратеничките прашања, а идејата, односно подготвеноста на Владата за целосна транспарентност и надзор да се овозможи...

Заев бара од Џафери термин еднаш неделно да одговара на пратенички прашања

Премиерот Зоран Заев му испратил писмо на претседателот на Собранието, Талат Џафери во кое бара спикерот, согласно процедурите на законодавниот дом, да одреди термин за одржување на неделни тематски пратенички прашања со траење од еден час. Ваквото барање, како што наведува Заев во писмото е во контекст на целосното спроведување на планот „3-6-9“, и грижата надзорната функција на Собранието и...

Спасовски – Бејли: Приоритет на МВР ќе биде реформата на безбедносните служби

Приоритет на Министерството за внатрешни работи и на Владата ќе биде реформата на безбедносните служби, било истакнато на денешната средба меѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. Бејли на Спасовски му го честитал изборот за министер за внатрешни работи, изразувајќи уверување дека во текот на неговиот мандат ќе бидат „постигнати значајни резултати,...

СДСМ се обврзува да овозможи професионалност и ефикасност на полицијата

„Да се биде дел од полицијата и од безбедносните служби е одговорност, но и чест, а за нив се потребни и совест и свест“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во честитката по повод Денот на полицијата, 7 мај. Во неа, меѓу другото, се вели дека СДСМ како партија што ќе ја предводи новата реформска влада се обврзува да создаде...

Вучиќ: Во приказните за „голема Албанија“ е вмешана странска служба

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека секојдневните изјави на албанските политичари за создавање на „голема Албанија“ е последица на добро координирана акција и дека српските служби за безбедност „нашле траги“ на заедничко дејствување на најмалку една странска служба со разузнавачките служби од Тирана и од Приштина. Вучиќ во Лесковац изјави дека само се поставува прашањето дали Албанците дејствуваат...

Безбедносните служби подготвени да реагираат во случај на нов бегалски бран

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска има работна средба со раководителите на институциите задолжени за справување со кризната состојба, намалување на ризикот од терористички напади и за безбедност на изборниот процес. „На средбата, директорите на Агенцијата за разузнавање, Управата за безбедност и контраразузнавање, Бирото за јавна безбедност, државниот секретар во МВР и претставници на Генералштабот на АРМ го информираа претседателот...

Српските и руските безбедносни служби ја зајакнуваат соработката

Николај Патрушев, висок руски функционер за безбедност, кој денеска престојува во Србија, предложи идната година Русија и Србија да потпишат меморандум за соработка на полето на безбедноста. Со овој меморандум, според Патрушев, ќе се воспостави редовна комуникација на безбедносните служби на двете земји. На состанокот со министерите за внатрешни работи и за одбрана, Небојша Стефановиќ и Зоран Ѓорѓевиќ, како и со раководителите на...

Димитриев: За една година ќе имаме преструктуиран безбедносен систем

Министерството за внатрешни работи почнува со реализација на процесот на реформи за консолидација на безбедносниот систем во државата, во согласност со препораките од извештајот на Прибе, кои, меѓу другото, треба да ја засилат контролата на работата на безбедносните служби. Ова денеска на прес-конфереција го соопшти техничкиот премиер Емил Димитриев, по состанокот на кој присуствуваше целото раковдство на МВР, односно министерот,...

Македонските власти се најтаинствени околу парискиот бомбаш

Дали сирискиот државјанин Ахмед Алмухамед, за кого се претпоставува дека е еден од терористите во Париз, минал низ територијата на Македонија, е сè уште мистерија, за која молчат македонските власти. Грција и Србија уште вчера потврдија дека лице со тој идентитет, кое се движело по т.н. балканска бегалска рута, било регистрирано од нивните служби и изнесоа точни датуми и податоци...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...