fbpx

Владата и владините служби нема да користат пластика за еднократна употреба

-

Владата на вчерашната седница во Куманово ја задолжила Службата за општи работи и услуги при набавките за потребите на премиерот, владата, министерствата и органите во нивни состав, секретаријатот и други стручни служби на владата и Уставниот суд да не набавува вода и други пијалаци во пластична амбалажа, како и пакувања на шеќер, пластични лажички за мешање на кафе и други пијалаци, пластични сламки, пластични чаши и прибор за еднократна употреба.

Владата формираше и Совет за координација на безбедносно – разузнавачката заедница, кој ќе ги кординира различните служби од овој сектор.

Советот ќе биде составен од премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Садула Дураки, министрите Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, како и Викторио Димовски , директор на Агенцијата за национална безбедност, потоа Еролд Муслиу ,директор на Агенцијата за разузнавање, како и Горан Василевски – раководител на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана.

Владата го утврдила и Предлог -законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти од значење за државата или за локалната самоуправа, а кои се ставени во употреба до 1 октомври годинава. Со него не се опфатени дивоградбите околу Охридското Езеро.

На седницата Владата исто така ја усвоила Информацијата за потребата од склучување на договор со Владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија (АРМ), по што постапката е предадена на Министерството за одбрана ди Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
lynda course free download
download intex firmware
Download Nulled WordPress Themes
udemy free download