fbpx
Таг: беглаци

таг: беглаци

Во Грција цути бизнисот на шверцерите со бегалци и со мигранти

Грчката полиција уапси турски шверцер на бегалци кој пренесувал луѓе од Турција до грчкиот остров Самос. На Самос вчера и денеска пристигна 71 нов бегалец, додека на другите острови, како Лезбос, Хиос и Кос, последниве неколку дена не е пристигнат ниту еден нов бегалец и мигрант. На островите сепак останува висок бројот на бегалци и на мигранти кои се заглавени...

Заврши акцијата за релоцирање на бегалците од Поликастро

Заврши полициската акција за релокација на бегалците од имровизираниот камп на бензинската станица на автопатот кај Поликастро. Со 31 автобус, денеска во новиот бегалски центар Василика во Солун беа пренесни 1.158 бегалци од Ирак и од Сирија, кои со месеци се наоѓаа на бензинската кај Поликастро. Акцијата заврши мирно и без инциденти. Грчките власти утре продолжуваат со вториот дел од интервенцијата...

Иванов за „Билд“: Ниту сега, ниту со косовската криза никој не ни помага

Во интервју за најтиражниот германски весник „Билд“, македонскиот претседател Ѓорге Иванов вели дека неговата земја е „предадена и напуштена“. „Никој не нѐ сака“, вели „лутиот“ претседател, како што го нарекуваат новинарите што го воделе интервјуто, и жестоко ги критикува и ЕУ и Германија, пренесе „Дојче веле“. На прашањето дали Македонија се чувствува излажано од ЕУ поради тоа што Турција ќе добие...

Во Грција чекаат 41.973 бегалци

Во Грција во моментов има регистрирано 41.973 бегалци. Грчката влада и специјалната комисија за справување со бегалската криза објавија нови податоци за тоа колкава е бројката на бегалци во секој од прифатните центри, островите и во кампот кај Идомени. Според официјалните информации, во кампот на Идомени има 12.000 луѓе кои чекаат во неизвесност да заминат за Европа. На островите Лезбос,...

Бегалците ќе чекаат до 18 март за конечна одлука на ЕУ

Поплавени од пороен дожд, некои во шатори, некои под отворено небо, меѓу кал, на студено време над 13.000 бегалци на Идомени ја чекаа одлуката од Брисел дали ќе им биде дозволено да го продолжат својот пат кон Германија или не. Изутринава ситуацијата таму е уште полоша. Кал, магла, поплавени шатори и накиснати алишта кои се сушат на гранките. Илјадниците бегалци и...

УНИЦЕФ: Илјадници деца се заглавени меѓу Македонија и Грција

Тешката ситуација на граничните премини на балканската копнена рута, особено во Македонија и во Грција, резултираше со илјадници деца заглавени на границите, под стрес и под ризик од влошување на здравјето и изложеност на злоупотреба, предупредија денеска од УНИЦЕФ. Според нив, во овој хаос и збрканост децата се принудени да спијат на отворено во бедни услови повеќе од една недела, без можност да...

МВР вчера издало потврди на 574 бегалци

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди на вкупно 574 странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Според државјанството, потврди се издадени на 489 државјани на Сирија и на 85 државјани на Ирак, но не се издадени потврди на државјани на Авганистан. Од први јануари до вчера издадени се потврди на вкупно 87.036...

„То вима“: Австрија ќе ѝ помогне на Македонија околу спорот за името заради соработката околу бегалците

Постои ли договор Австрија да ѝ помогне на Македонија околу спорот за името за да ѝ возврати за помошта околу бегалската криза? Грчкиот весник „То вима“ тврди дека Австрија ѝ понудила на Македонија да помогне околу спорот за името како благодарност за одржување на посуштинска соработка со нашата држава околу справувањето со протекот на бегалци кон Европа. Весникот оценува дека овој...

Попоски: Направивме сериозни напори во справување со мигрантската криза

Потврдено е дека контролата на македонско-грчката граница за заштита од бегалскиот наплив е веќе реалност, изјави министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на неформалниот совет за надворешни работи на Европската унија посветен на западно-балканската мигрантска рута, што се одржува во Амстердам. На состанокот присуствуваат и шефовите на дипломати на земјите-кандидати за членство во ЕУ на оваа рута:...

Бројот на жртвите во бродоломот во Егејско Море се искачи на 39

Бројот на жртвите на бродоломот кој денеска се случи во Егејско Море се искачи на 39, меѓу кои пет се деца. Мигрантите се удавиле откако нивниот чамец се превртел на патот од Турција кон Грција. Турските власти успеале да спасат вкупно 75 лица, пренесува агенцијата „Анадолија“. Турската крајбрежна стража извести дека во врска со несреќата уапсен е еден турски државјанин, кој е...

МВР вчера издало потврди на 1.404 бегалци

Во изминатите 24 часа, издадени се вкупно 1.404 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан - 545, од Сирија се 508, а од Ирак - 351 лице. Од почетокот на годината до вчера издадени се вкупно 48.374 потврди на странски државјани. Во изминатото деноноќие,...

Бан Ки-мун шокиран од третманот на бегалците

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, изрази шокираност и вознемиреност од третманот кон бегалците и кон мигрантите на границата меѓу Унгарија и Србија. - Бев шокиран од начинот на кој бегалците и мигрантите се третирани. Тоа е неприфатливо. Сите земји имаат внатрешни проблеми, но станува збор за луѓе кои бегаат од војна и од прогон. Мора да се искаже...

Камерон: Британија ќе прифати 20.000 бегалци

Британија во текот на наредните пет години ќе прифати 20.000 сириски бегалци, соопшти британскиот премиер Дејвид Камерон. Премиерот рече дека Велика Британија има „морална одговорност“ да ги прераспореди  бегалците кои живеат во кампови на границата на Сирија и дека прави сè што може да се стави крај на конфликтот во земјата. - Предложивме во Велика Британија да се преселат 20.000 беглаци додека...

Туск: Европа мора повеќе да им помогне на бегалците

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги отфрли критиките на сметка на раководењето со бегалската криза и вети понатамошни мерки по ова прашање. По состанокот со словенечкиот премиер Миро Церар, Туск рекол дека Европа не е виновна за бегалската криза, но признал дека ЕУ мора да направи повеќе за да ги ублажи неподносливите човекови страдања и трагедии, кои станаа секојдневни...

Германија ќе донира 1 милион евра за згрижување на бегалците

Министерството за надворешни работи на Германија краткорочно става на располагање еден милион евра за хуманитарни цели за ублажување на драматичната ситуација со бегалците кои транзитираат низ Западниот Балкан. - Не можеме да седиме со скрстени раце кога во соседните држави на Европската Унија има бегалци кои се наоѓаат во многу тешка ситуација, барајќи заштита. Важно е сега на лице место да се...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...