Камерон: Британија ќе прифати 20.000 бегалци

Британија во текот на наредните пет години ќе прифати 20.000 сириски бегалци, соопшти британскиот премиер Дејвид Камерон. Премиерот рече дека Велика Британија има „морална одговорност“ да ги прераспореди  бегалците кои живеат во кампови на границата на Сирија и дека прави сè што може да се стави крај на конфликтот во земјата.

– Предложивме во Велика Британија да се преселат 20.000 беглаци додека трае кризата. Ранливи деца и деца без родители ќе бидат приоритетни во она што ќе биде „национален напор“  – рече Камерон.

Властите во Франција претходно соопштија дека ќе прифатат 24.000 бегалци во наредните две години.