!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Почна „Баскерфест 2017“


Скопје, 17 јуни, 2017 - 14:22 (META) 

Со парада составена од сите учесници на фестивалот, Градскиот дувачки оркестар и од девојките од танцовиот клуб „Еурека“, што тргна од градскиот плоштад, се движеше по улица Македонија и се врати на плоштадот Македонија, вчеравечер почна Фестивалот на уличен театар под отворено небо „Баскерфест 2017“.

Фестивалот ќе трае до 25 јуни, при што на плоштадот Македонија на трите поставени сцени ќе се одвива програмата на фестивалот секојдневно од 19 до 23 часот.

Има и детско катче за најмалите, каде што децата може да се вклучат во различни забавни активности секојдневно од 18.30 до  20 часот, а музичката програма ќе биде застапена секој ден од 22 часот до 1 часот по полноќ.


Фестивалот на улична уметност „Баскерфест“ ќе почне утре


Скопје, 15 јуни, 2017 - 10:54 (META) 

Фестивалот на улична уметност „Баскерфест 2017“ почнува утре и ќе трае до 25 јуни. За време на одржувањето на фестивалот, градскиот плоштад Македонија во Скопје традиционално ќе се претвори во театар под отворено небо.

На отворањето ќе учествуваат педесетина изведувачи од светот, акробати, жонглери, танчери, магионичари, кловнови и музичари.

На плоштадот Македонија точките на артистите ќе се одвиваат на три локации во периодот од 18 часот до 1 часот по полноќ.


Вечерва почнува уличниот театар „Баскерфест 2016“


Скопје, 10 јуни, 2016 - 15:56 (META) 

Уличниот театар под отворено небо „Баскерфест“ ќе почне вечерва и ќе трае до 19 јуни. Атрактивни баскер-изведувачи од целиот свет ќе настапуваат на градскиот плоштад Македонија во Скопје, но и низ повеќе градови во земјава.

Граѓаните ќе уживаат во многу улични перформанси, баскер-точки и музички настапи.

Фестивалот ќе почне со парадата составена од учесници на фестивалот, што во 18 часот ќе тргне од пред хотел „Бристол“ и движејќи се по улица Македонија ќе стигне до плоштад Македонија, а во 19 часот ќе го отворат: магионичарот и илузионист Мистер Бугинага, светски познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија, Вили Вондер.

Фестивалот е под покровителство на Град Скопје, кој го поддржува со 900.000 денари.


„Баскерфест“ годинава од 10 до 19 јуни


Скопје, 6 јуни, 2016 - 14:51 (META) 

Со многу улични перформанси, баскер-точки и музички настапи, уличниот театар под отворено небо „Баскерфест“ и годинава од 10 до 19 јуни ќе ги забавува посетителите на градскиот плоштад Македонија во Скопје и во повеќе градови во земјава.

Меѓу годинашните улични артисти, информираат организаторите, се патувачката уметничка инсталација „Блинк циркус“ (Blink Circus), шоуто на Мистер Копини (Mr. Copini), оригиналната и креативна сценска изведба „Оме дуал“ (Ome dual), уметничкиот изведувач Мистер Бугиганга (Mr. Bugiganga), шокантните Коцани и Венди (Cotzani and Wendy), бразилскиот мастер манипулатор Диого Алварес (Diogo Alvares), кловнот Вајнил Брнс (Vinyl Burns) и други.

„Баскерфест 2016“ традиционално и годинава е поддржан од Град Скопје.


Почна јубелејното десетто издание на „Баскерфест“


Скопје, 13 јуни, 2015 - 13:34 (META) 

Вчеравечер на плоштадот Филип Втори почна јубилејното, десетто по ред издадние на Фестивалот на уличен театар под отворено небо „Баскерфест 2015“, кој оваа година ќе трае од 12 до 21 јуни.

Новитет на годинешното издание е тоа што првпат ќе има детска креативна работилница, на која најмладите посетители ќе имаат можност да се дружат со баскер-изведувачите.

Покровител на манифестацијата е Град Скопје, од каде за оваа пригода од буџетот одвоија 900.000 денари.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– За оваа година најавени се голем број изненадувања за љубителите на овој театар и учество на околу 100 баскер-изведувачи од целиот свет, меѓу кои и артисти од Чиле, САД, Куба, Албанија, Србија, односно учесници од 23 земји, секој од нив атрактивен на свој начин, а покрај уличните артисти, како и секоја година, тука се музичките настапи во Пивската градина. Ги поканувам граѓаните на Скопје да дојдат и да уживаат во претставите на театарот под отворено небо – рече Трајановски.

Караванот, оваа година ќе помине и ќе ги забавува жителите и на повеќе градови од внатрешноста на земјата.


Денеска почнува „Баскерфест“


Скопје, 12 јуни, 2015 - 11:22 (META) 

Меѓународниот и мултикултурен фестивал „Баскерфест“ почнува денеска на плоштадот Филип Втори во Скопје. Јубилејното 10. издание ќе трае до 13 јули и ќе се одржува низ 14 градови во Македонија.

Најавено е учество на околу 100 баскер-изведувачи од Чиле, САД, Куба, Албанија, Србија, односно изведувачи од 23 држави со различни точки. Во вечерните часови планирани се настапи на повеќе музички групи од странство и од Македонија.

За најмладите ќе биде организирани детска работилница, каде ќе можат да се дружат и едуцираат со изведувачите.


„Баскерфест“ почнува в петок


Скопје, 10 јуни, 2015 - 12:36 (META) 

Фестивалот на улична уметност „Баскерфест“ годинава ќе се одржи од 12 јуни (петок) до 13 јули. Карванот на фестивалот, кој оваа година го прославува 10. роденден, според најавата на организаторите, ќе понуди одлична програма дополнета со музика.

Ќе учествуваат околу 100 улични изведувачи од целиот свет со настапи што ќе опфатат жонглирање, брејкденс, одење по жица, куклен театар, перформанси со оган.

„Баскерфест 2015“ официјално ќе почне на 12 јуни во Скопје, по што ќе продолжи и низ други градови низ Македонија.