Најмалку 38 жртви во самоубиствен бомбашки напад во Багдад


Багдад, 15 јануари, 2018 - 10:19 (META) 

Најмалку 38 луѓе се убиени и уште 105 се повредени во двојниот бомбашки напад во средиштето на Багдад, втор во последните три дена. Двата напади уследија по неколкуте седмици релативен мирна состојба во главниот град на Ирак.

– Двајца самоубијци активираа експлозив кој го носеле на плоштадот Ал-Тајаран во центарот на Багдад – изјави генералот Сад Ман, портпарол на оперативната команда која ги координира војската и полицијата.

Плоштадот Ал-Тајаран е поприлично живо место во центарот на Багдад, а таму се собираат мајстори-надничари, во потрага по работа. Двајцата напаѓачи-самоубијци носеле елеци наполнети со експлозив.

 

 


Тринаесет загинати во бомбашки напад во Багдад


Багдад, 30 мај, 2017 - 10:14 (META) 

Најмалку 13 лица загинаа, а 24 се повредени во експлозија на автомобил бомба што денеска одекна пред популарна слаткарницата во центарот на Багдад, соопшти ирачката полиција.

Екстремистичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

Нападот се случил по полноќ, а екстремистите најверојатно далечински го детонирале експлозивот, скриен во еден од паркираните автомобили.

На снимките поставени на социјалните мрежи се гледаат хаотични сцени од местото во околината на експлозијата, на улицата лежат дела, додека повредените лежат на шарените клупи пред слаткарницата.

Експлозијата се случи за време на муслиманскиот празник Рамазан, кој во Ирак е често проследен со серија напади.
Екстремистите на ИД минатата година на Рамазан извршија напад со камион полн со експлозив во еден од најфреквентните трговски квартови во Багдад. Во нападот загинаа стотина лица и се смета за еден од најсмртоносните од соборувањето на Садам Хусеин во 2003 година.


Најмалку осум загинати во напад во Багдад


Багдад, 5 јануари, 2017 - 10:52 (META) 

Во експлозија на автомобил бомба на пазар во шиитски кварт во Багдад, загинаа најмалку осум лица, соопштија ирачките претставници.

Меѓу загинатите, двајца се полицајци, а во експлозијата се повредени 15 лица.

Засега никој не ја презел одговорноста, но нападот ги има обележјата на Исламска држава, која минатата недела изведе бомбашки напади во главниот град на Ирак, при што беа убиени речиси 100 лица.

Бројот на загинатите во последниот напад го потврдија и медицински извори, но полициските и здравствените претставници побарале да останат анонимни затоа што не се овластени да даваат изјави.


Бомбашки напад во Багдад, 32 загинати


Багдад, 2 јануари, 2017 - 11:45 (META) 

Најмалку 32 лица се убиени, а 61 се ранети во бомбашки напад во претежно шиитски кварт на Багдад, соопштија ирачките власти.

Нападот го извел бомбаш самоубиец кој се разнел во автомобил бомба.

Нападот се случи на денот на доаѓањето на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, во официјална посета на Багдад. Помеѓу жртвите има голем број новинари кои чекале да влезат на плоштадот Садр во североисточниот дел на градот, кој е честа мета на терористички напади.

Францускиот претседател Оланд изјави дека преземањето акција против тероризмот во Ирак го спречува и тероризмот во Франција.


Најмалку 80 шиитски аџии убиени во бомбашки напад во близина на Карбала


Багдад, 24 ноември, 2016 - 18:16 (META) 

Најмалку 80 луѓе, од кои поголемиот број Иранци, загинале во самоубиствен бомбашки напад кој денеска се случил јужно од главниот град на Ирак, Багдад, на бензинска пумпа, која била полна со автобуси со шиити кои се враќале од аџилак од светиот град Карбала, јавуваат светските медиуми.

Нападот, кој бил изведен со камион полн со експлозив, се случил во селото Шомали, 120 километри југоисточно од Багдад и 80 километри од градот Карбала.

Одговорноста за нападот, како што јавува „Би-би-си“, ја презела Исламска држава (ИД), преку соопштението испратено до нивната новинска агенција „Амак“, во кое се тврди дека во нападот загинале најмалку 200 луѓе.

Во понеделникот оваа недела, меѓу 17 и 20 милиони шиити пристигнале во градот Карбала на одбележувањето на празникот Арбаин, со кој се означува крајот на 40-дневниот период на оплакување на смртта на имамот Хусеин, внук на пророкот Мухамед. Имамот Хусеин е убиен во 680 година во битка кај Карбала, момент кој уште повеќе ја продлабочил поделбата меѓу шиитите и сунитите.

Годинава беа преземени силни мерки на безбедност при одбележувањето на големиот шиитски празник бидејќи изминатите неколку години тој беше цел на напади од страна на ИД.


Најмалку 17 загинати и 50 ранети при експлозија во Багдад


Багдад, 15 октомври, 2016 - 13:29 (META) 

Најмалку 17 лица загинаа, а повеќе од 50 се ранети кога бомбаш самоубиец активираше експлозив во толпа шиитски муслимани во Багдад.

Експлозијата се случила во шатор полн со луѓе, кои учествувале во шиитски ритуали ашура, кои го претставуваат оплакувањето на Хусеин, внук на пророкот Мухамед.

Светските медиуми наведуваат дека шаторот бил поставен на пазар преполн со луѓе во северен кварт на ирачката престолнина.


Во напад со автомобил бомба во Багдад, загинаа 12 лица


Багдад, 6 септември, 2016 - 9:56 (META) 

Најмалку 12 цивили се убиени, а 28 се ранети при напад со автомобил бомба во трговската зона во центарот на Багдад, соопштија ирачките власти.

Автомобилот полн со експлозив, кој бил оставен на паркиралиште во квартот Карадах, во кој доминира шиитско население, експлодирал при што биле оштетени 15 возила.

Исламска држава во интернет-соопштение презеде одговорност за овој напад.


Најмалку 12 загинати во бомбашки напад во Багдад


Багдад, 24 јули, 2016 - 11:29 (META) 

Бомбаш самоубиец утринава се разнесе на безбедносен пункт во северниот дел од Багдад, при што погинаа најмалку 12 лица.

Меѓу загинатите има најмалку осум цивили, додека другите жртви се полицајци, а во нападот, исто така, се повредени 32 лица.

Напаѓачот, кој до местото на експлозијата дошол пеш, го детонирал експлозивот на една од најфреквентните влезни точки во багдадската населба Кадимија, во која мнозинството жители се шиити.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, што има карактеристики на досегашните напади на Исламска држава.

Оваа екстремистичка група, која контролира големо подрачје на северот и на западот од Ирак, вообичаено изведува напади во делови од Багдад каде шиитското население е мнозинско.


Осум загинати во самоубиствен напад во Багдад


Багдад, 13 јули, 2016 - 12:48 (META) 

Во самоубиствениот напад со автомобил бомба на полициски пункт во Багдад загинаа осум лица. Нападот се случи еден ден по бомбашкиот напад во истиот кварт, во кој настрадаа 12 лица.

Полициски претставник соопшти дека напаѓачот удрил со автомобилот полн со експлозив во контролниот пункт во шиитскиот кварт Ал Рашиди во североисточниот дел на ирачката престолнина. Во нападот загинаа осум, а повредени се 20 лица.

Во истиот дел на градот, вчера во самоубиствен напад на пазар загинаа 12, а повредени беа 37 лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.


САД ќе испратат дополнителни 560 војници во Северен Ирак


Багдад, 11 јули, 2016 - 18:20 (META) 

САД ќе испратат дополнителни 560 војници во Северен Ирак за да учествуваат во борбата против екстремистичката група Исламска држава, изјави денеска секретарот за одбрана на САД, Ештон Картер.

Говорејќи за време на посетата на Багдад, тој рече дека новите војници ќе помогнат во борбата за повторна контрола на Мосул, кој сега се наоѓа во рацете на милитантите на ИД.

Ирачките сили потпомогнати од меѓународните сојузници предводени од САД ќе ја користат воздушната база Кајара, која неодамна беше преземена од ИД. Со дополнителните сили, вкупниот број на американски војници во Ирак ќе изнесува 4.650.