fbpx
Таг: автопат Скопје – Тетово

таг: автопат Скопје – Тетово

Кичевец прегази мечка во близина на „Карпалак“

Четириесет и три годишен возач од Кичево со својот автомобил удрил во мечка ноќеска на автопатот Тетово-Скопје, а при инцидентот нема повредени луѓе, но поради ударот мечка е усмртена. -Ноќеска околу 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста „Карпалак“, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка. Нема повредени...

Збеснат коњ трча во спротивна насока на автопатот Скопје-Тетово, не предизвика несреќа

Запрежна кола со збеснат коњ се движеше во спротивен правец, во најбрзата сообраќајна лента на автопатот Скопје-Тетово. Видео на социјалните мрежи го покажува исклучително ризичниот сообраќаен инцидент, којшто за среќа завршил без незгода. На видеото се гледа како полициски службеници подолго време се обидуваат, а на крајот успеваат да го застанат збеснатиот коњ. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) засега...

Општина Тетово ги разгледува понудите на компаниите за набавка на градски автобуси

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Се разгледува документацијата на заинтересираните компании за купување на новите автобуси за јавен градски превоз во Тетово, што се ветуваат веќе неколку години од Општина Тетово, велат од локалните власти. Доцнењето на постапката за избор на најповолен понудувач е поради парламентарните избори во земјава, пишува „Порталб.мк“. Општината не дава точен датум кога треба да заврши разгледувањето на понудите. Општина Тетово...

Автопатот Тетово – Гостивар е најфреквентниот пат во земјава (инфографик)

Девет од десетте најфреквентни патишта во 2019 година во земјава се изградени во профил на автопат, а најмногу возила лани биле регистрирани на автопатот Тетово - Гостивар. Просечниот годишен дневен сообраќај (ПГДС) е еден од главните индикатори во развиените земји за донесување на одлуки за инвестиции во нови патишта или за реконструкција и надградба на постојната инфраструктура. Според податоците на...

Патарината „Глумово“ ограбена откако илјадници возила се вратија во Скопје од продолжен викенд

Наплатната рампа „Глумово“ на автопатот Скопје - Тетово рано утрово била ограбена од засега непознати разбојници. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), во 4:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патарината „Глумово“ две лица со закана со оружје извршиле разбојништво, при што го одзеле дневниот промет. Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на...

Два дена жалост во Македонија, се чекаат причините за автобуската несреќа со 14 загинати

Два дена жалост во Република Северна Македонија по тешката сообраќајна несреќа која се случи во средата (13.02.19), на автопатот Е-65, кој ги поврзува Скопје и Гостивар. Загинаа 14 лица а 39 се повредени. Автобусот на компанијата „Дурмотурс“ со над 50 патници, околу 17 часот поминал преку 3 ленти, излетал од автопатот и се превртел во близина на стариот пат....

Филипче: Бројот на загинатите е 14, не 15, а седум се во критична состојба

Не се основани шпекулациите дека починал уште еден од повредените во вчерашната автобуска несреќа, и дека бројката се искачила на 15 загинати, соопшти министерот за здравство Венко Филипче претпладнево, по посетата заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи, кој инаку е хирург, на полесно повредените кои се хоспитализирани во скопската Градска болница „8 Септември“. Премиерот Заев се заблагодари...

Заев ќе ги посети повредените во „8 Септември“, комеморативна седница во Гостивар

Премиерот Зоран Заев денеска во 10.30 часот ќе ги посети повредените граѓани во страотната сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на селото Ласкарци на автопатот Скопје - Тетово, кои се згрижени во болницата „8 Септември“. Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...